Декоративна Ивина розева салата 1

Декоративна Ивина розева салата

Ивината розева салата е едноставна и се прави многу брзо! Весна ни кажа дека оваа салата ја прави одамна и секогаш за разни поводи, празници… Декоративна е, освежителна , здрава и превкусна!

Одлично оди со месо како гарнир, како мезе, или како салата за главен оброк. Количината на состојките, како и во повеќете рецепти кои ни ги предложува Весна, е оставена на нашата потреба. Направете ја и уживајте.

Декоративна Ивина розева салата 2

Состојки:

  • Варен ориз басмати
  • варено цвекло и сок од цвекло
  • варен карфиол
  • спанаќ
  • мајонез
  • павлака
  • сол и бел пипер по потреба.

Постапка:

  1. Басмати оризот е најдобар за вакви салати, а можете да употребите и од кочанскиот. Сварете онолку колку што ви треба.
  2. Сварете карфиол по потреба, исто така. Ако најдете од оној со виолетов сјај уште поубава ќе ви биде декорацијата. Од карфиолот исечете цветчиња.
  3. Цвеклото може да го сварите или да искористите од тегла. Исечкајте го на коцки.
  4. Додека се варат, насечкајте свеж спанаќ.
  5. Во сад ставете го исечканото цвеклото, цветчињата карфиол, додајте малку сок од цвеклото, мајонез и павлака, сол и црн пипер по вкус.

Пробајте, дотерајте си ја по свој вкус, не ви се потребни мерки! – вели Весна, а ние знаеме дека е во право. Декорирајте по желба, а препорачуваме да не го мешате целиот ориз и да оставите бел за декорација.

Рецептот го испратил: Весна Рор, Со љубов за вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешка салата со цвекло.

Сподели: