Здравите животни навики се добредојдени во текот на целата година, но ако се опуштивте за време на празниците, не очајувајте. Со правилна детоксикација можете да решите бројни здравствени симптоми: умор, недостаток на енергија, поспаност, главоболки, проблеми со варењето, пад на имунитетот, несоница…
За правилна детоксикација на организмот не се потребни строги диети, доволно е да применувате здрави животни навики. Тоа значи да вежбате, да консумирате здрава храна и да внесувате повеќе течности. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги вратите исхраната и здравјето на вистинскиот пат.

Започнете го денот со вода и лимон
Наутро, пред појадокот, испијте чаша топла или ладна вода во која сте исцедиле малку лимон. Пектинот од лимон помага при варење на храната и затоа е одличен за детоксикација. Водата со лимон помага и во намалување на апетитот и дава чувство на ситост.
Квалитетен појадок
По водата, време е за појадок. Кога ќе започнете чистење на организмот треба да го прескокнете лебот и житариците за појадок, бидејќи тие предизвикуваат телото да задржува повеќе вода. Наместо тоа, фокусирајте се на протеините кои ќе ви обезбедат ситост. На нашaта страница имате многу рецепти за смути и шејкови, искористете ги.
Регулирајте ја вашата исхрана
Задолжително јадете ги сите три оброци и барем една ужина. Постојаната исхрана во текот на денот ќе ви помогне да ги поставите темелите за здрава исхрана. Јадете многу зеленчук и протеини со малку маснотии како што се: пилешко месо, риба и јајца.
Пијте попладневен чај
По ручекот испијте шолја зелен чај. Зелениот чај ја забрзува работата на метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти во телото. Исто така, содржи и кофеин кој ќе ви даде одредена доза на енергијa.
Движете се
Зголемениот пулс значи добар проток на крв. Ова ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од сите токсини. Одете во теретана, вежбајте, пешачете, играјте забавни зимски игри со децата.
Ви препорачуваме да прочитате: Напиток за побрз метаболизам и детоксикација.