Сигурни сме дека не постои жена која не би се израдувала на балсам за усни со мирис на портокал, кој е сосема природен и без штетни хемикалии. Органската козметика во последно време е многу популарна. Таа не предизвикува алергиски и несакани реакции, а подеднакво е ефикасна како и купечките производи. Па затоа, пробајте го овој домашен балсам за усни кој е навистина лесен за подготовка.
Природниот балсам ќе ве освои со неговиот цитрусен мирис, а ќе им овозможи на вашите усни совршена хидратација и нега. Затоа, ако сакате да имате убави и негувани усни, направете си го овој балсам и уживајте во нивната мекост и нежност. Бидејќи од наведениве состојки ќе добиете поголема количина на балсам, истиот можете да го подарите на вашите пријателки или роднини. Тоа би било совршен празничен подарок за секоја жена.

Состојки:
- 2 лажици пчелин восок
- 2 лажици шеа путер
- 4 лажици бадемово масло
- 10-12 капки етерично масло од портокал
- мала тегла.
Подготовка:
- Во мал сад ставете ги восокот, бадемовото масло и шеа путерот. Измешајте ги и растопете ги во микробранова печка или на пареа.
- Потоа добро промешајте, со цел да добиете хомогена смеса.
- Во смесата додајте го и етеричното масло. Уште еднаш добро промешајте.
- Додека смесата е во течна состојба, ставете ја во чисти мали тегли и оставете ја да се стврдне во фрижидер.
- Од оваа смеса би требало да добиете количина за 8 балсами (зависно од големината на теглите) што е одлично, бидејќи можете да им подарите ист поклон на сите драги жени во вашиот живот.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен балсам за усни од чоколадо и цимет.