Научниците докажале дека лененото семе е исклучително здраво и корисно за спречување на мозочен и срцев удар. А, можете ли да претпоставите на што се должи оваа способност? Сето ова е заслуга на тоа што лененото семе го намалува холестеролот во крвта. Па, еве еден многу едноставен домашен лек против холестерол!
Лененото семе изобилува со растителни влакна, што значително помага во контролирање на нивото на холестерол во крвта. Всушност, растителните влакна во состав на лененото семе ги врзуваат жолчните киселини во цревата и ја намалуваат апсорпцијата на холестерол во крвотокот.
Лесно можеме да кажеме дека лененото семе е супер здрава намирница, бидејќи е богат извор на омега 3 масни киселини. Тие се клучни соединенија на клеточната мембрана, спречуваат згрутчувања на крвта кои доведуваат до мозочен и срцев удар и го подобруваат протокот на крв. Омега 3 масните киселини се исклучително корисни во намалување на нивото на холестерол и триглицериди.
Како лененото семе може да биде домашен лек против холестерол
Во оваа прилика, ќе го споделиме искуство на Џим, човекот кој го потврди овој домашен лек против холестерол. Откако на Џим му било измерено многу високо ниво на холестерол и имал контатирана сериозна закана по здравјето, почнал да консумира по 1/4 шолја (околу 2 лажици) семе од лен, секој ден пред ручекот.
Кога го измерил нивото на холестерол, за 15 дена било намалено на 232, а по 6 месеци нивото на холестерол во крвта му било 188. Тој изгубил 15 кг, а неговата кожа, нивото на енергија, видот и неговата коса се подобриле.
Ако имате проблем со холестеролот пробајте го овој природен домашен лек. Лененото семе има оревест и богат вкус, па можете да го консумирате со салата, јогурт или други намирници. Можете да го јадете во вид на цели семки или мелено. Лененoто семе е вистински извор на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Масло од лен за намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.