Бејлис е вид на алкохолен пијалај кој спаѓа во групата на ликери, се карактеризира со сладок вкус и е необична мешавина на млеко и алкохол. Ако сте пробале во кафич, ресторан или кај некои пријатели на гости, еве ви прилика како да направите домашен ликер бејлис и тоа со вкус на карамела, па да можете и вие да ги почестите останатите.
Вака подготвениот домашен ликер бејлис е густ, а освен напиток можете да го користите и како ароматизер за колачи. Вкусот е многу убав, ќе уживате во него.

Состојки:
- 200 гр карамели
- 100 мл слатка павлака (хопла)
- 100 мл млеко (препорачливо е да е трајно)
- 100 гр млечно чоколадо
- 200 мл виски.
Подготовка:
- Во огноотпорен сад ставете ги карамелите заедно со слатката павлака за да се стопат и соединат во еднородна смеса, а при тоа промешувајте почесто.
- Откако ќе се растопат карамелите, додајте го млечното чоколадо искршено на коцки.
- Кога чоколадото се растопило, на крај постепено и со промешување додавајте го вискито.
- Оставете да се излади и соберете ја течноста во шише. Од количина на овие состојки излегува околу половина литар бејлис. Можете да го пробате по неколку часа, а пред употреба препорачуваме содржината во шишето добро да ја промешајте.
На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен ликер од кокос.