регенератор за коса

Домашен регенератор за коса со јаболкова киселина

Убавата, здрава, сјајна коса без првут е цел на секого. Често пати недостигот на време, не тера да заборавиме на домашните третмани и да посегнеме по козметичките средства на рафтовите. Но, и при нивниот избор треба да се внимава на составот, затоа што голем дел од нив содржат хемикалии, кои може да имаат штетен ефект на косата. Затоа, имаме решение за природен регенератор за коса кој е многу евтин, но ефикасен при првут и опаѓање. И што е поважно, потребни ви само минута до две за да го направите.

Домашен регенератор за коса со јаболкова киселина

Регенераторот со јаболкова киселина е идеален за секој тип на коса и е безбеден за употреба. Помага за балансирање на рН вредноста на скалпот, а е добар за кутикулите на косата. За да го направите потребни ви се:

  • 2 лажици јаболкова киселина
  • 1 чаша вода
  • 10 капки од етерично масло по желба
  • пластично или стаклено шише со прскалка.
регенератор за коса со јаболкова киселина

Начин на користење:

  1. Состојките ставете ги во пластично шише и добро измешајте ги.
  2. Регенераторот испрскајте го врз чиста, влажна коса и оставете го да делува 5 минути. Со прстите направете нежна масажа на косата и скалпот.
  3. Потоа, косата измијте ја со млака вода.

По сушењето, косата ќе го изгуби мирисот на киселина.

Совет плус: Доколку сакате да го подобрите мирисот и дејството на природниот регенератор за коса може да додадете етерично масло од рузмарин или жалфија. Доколку вашата коса е мрсна може да додадете етерично масло од лимон или чајно дрво. Ако вашата коса е сува и имате првут, додајте етерично масло од нане, еукалиптус, сандалово дрво или здравец.

Ви предлагаме да прочитате: Масло од рузмарин за зајакнување на косата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: