Домашен рецепт за кремасто кафе лате со тиква 1

Домашен рецепт за кремасто кафе лате со тиква

Ладните денови се одлична можност за уживање во кремасто кафе лате со тиква! Подгответе си вкусен напиток дома. Кремасто уживање за било кое време од денот!

Интересно е што овој напиток содржи малку кафе и млеко, а исто така и ја содржи хранливата тиква која сега ја има во изобилство и е многу здрава намирница. Ова кафе лате ќе ви овозможи ситост и енергичен ден, а најдобро оди кога се пие во друштво со пријателите.

Може да ве интересира: Домашен и природен густи сок од тиква.

Домашен рецепт за кремасто кафе лате со тиква 2

Состојки (за 2 лица):

  • 1 чаша пире од тиква
  • 400 мл млако млеко
  • 150 мл сварено црно кафе
  • мед или стевиа за засладување по желба
  • цимет по вкус
  • каранфилче по желба
  • по желба малку изматена слатка павлака за декорација.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете го пирето од тиква и додајте го млекото.
  2. По желба додајте засладувач (стевиа или мед) и цимет, а потоа смесата убаво изблендирајте ја.
  3. Содржината од блендерот турете ја во високи чаши, а потоа во нив, без да мешате додајте го претходно свареното црно кафе.
  4. На крај, по желба декорирајте со слатка павлака и цимет. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно фрапе од банана.

Сподели: