Во нашата земја многу често се практикува домашна подготовка на разни сокови, а посебно познат и посакуван од пошироката популација е омилениот и ароматичен домашен сок за растворање со вкус на лимон. Подолу погледнете како го правиме ние.
Сокот од лимон е одличен извор на витамините Ц и Б, протеини, јагленохидрати и фосфор. Особено е значајно присуството на флавоноидите кои делуваат антиоксидативно, ги неутрализираат штетните радикали, го намалуваат ризикот од појава на канцерогени заболувања и помагаат при третман на различни болести. За корисните здравствени придобивки од лимоните, повеќе може да дознаете ако кликнете тука.
Состојки:
- 1-1.2 кг лимони
- 3 л вода
- 3 кг шеќер
- 30 гр лимонтус (3 ќесички).
Подготовка:
- Лимоните најпрво убаво измијте ги, а потоа измелете ги и ставете ги во поголем сад со капак.
- Во садот додајте ја водата, измешајте ја течноста, а потоа поклопете го садот со капак и оставете така да стои околу 24 часа.
- Со помош на платнето цедило исцедете ја смесата, па додајте ги шеќерот и лимонтусот, повторно измешајте и оставете да стои уште 24 часа. Од оваа доза ќе добиете 4.5-5 литри домашен сок за растворање и ќе можете да уживате подолг период во свжиот вкус на лимони.