Ако испробавте разни скапи шампони, а сеуште не сте го решиле проблемот со првутот и тоа ве нервира, препорачуваме да го пробате овој домашен третман од сода бикарбона против првут. Ефикасно и лесно ќе ве ослободи од грижите!
Првутот е всушност насобрани кожни клетки кои пребрзо созреале и се исушиле, што го предизвикува добро познатото чешање и остава бели трагови на скалпот. Најефикасни производи за третирање на првут се оние кои ослободуваат од мртвите клетки и делуваат како фунгицид. Природно средство со такво дејство е содата бикарбона. Таа е одличен фунгицид и помага против првут, а скоро и да нема домаќинство кое ја нема во својата кујна, па оваа информација сигурно некогаш ќе ви користи.
Може да ве интересира: Лековит шампон од пиво против првут.

Домашен третман против првут со сода бикарбона
Состојки:
- 1 лажица сода бикарбона
- 1 шолја топла вода.
Подготовка и начин на употреба:
- Лажицата сода бикарбона измешајте ја со топлата вода, а потоа течноста турете ја во чисто шише од шампон.
- Добро протресете го шишето и течноста нанесете ја на косата. Исплакнете како и обично.
- Косата може да ја третирате еднаш дневно, додека забележите дека го снемало првутот. Ако косата почне да ви изгледа суво, по некое време природните масла ќе го направат своето и тоа не треба да ве загрижува.
Ви препорачуваме да прочитате: Првут – 5 домашни и природни лекови.