Лековит шампон од пиво против првут

Ако се соочувате со сува кожа на главата и коса полна со првут, пробајте го овој едноставен домашен третман и помогнете си со помошта на пивото.

Сега имате можност на многу лесен начин, да го подготвите својот лековит шампон од пиво со кој ќе правите редовен домашен третман против првут и за неколку недели може да очекувате видливи резултати. Овој домашен шампон е многу евтин, а на косата и дава нова живост, сјај и длабински ја чисти. Основна негова карактеристика е лековитото дејство за косата и кожата на главата склона кон првут. Повелете мало упатство.

Лековит шампон од пиво за домашен третман против првут

Состојки:

  • 0,5 литри пиво по избор
  • 1 шолја шампон (250 мл).

Подготовка:

  1. Најпрво во сад на оган ставете го пивото да врие.
  2. Оставете го да стои на оган додека испари поголемиот дел, односно додека остане 1/4 од првобитната течност. На овој начин ќе го отстраните алкохолот од пивото, кој не е погоден за косата бидејќи ја суши.
  3. Оставете пивото да се излади, а потоа измешајте го со шампонот кој нормално го користите, или користете шампон од коприва.

Може да се каже дека пивото е многу интересно како намирница, пијалок и козметички препарат. Од пиво може да направите посни колачи, посни солени грицки или да го искористите на разни несекојдневни начини. Доколку пак ве интересираат повеќе инфорации за пивото како пијалак или течна храна, кликнете тука.

Сподели: