Ако сакате здрава и вкусна ужинка за грицкање, направете си домашен чипс од јаболка. Многу е вкусен и лесен за правење. Едно јаболко е доволно за 2 мали порции кои им се допаѓаат и на децата и на возрасните.
Состојки:
- 3-4 јаболка
- 100 грама шеќер
- цимет (мускантно оревче по желба).
Подготовка:
- Јаболката убаво измијте ги, посебно ако сакате да им ја оставите кората, а потоа исечете ги или изрендајте ги на тенки кругови. Шеќерот измешајте го со циметот.
- Парчињата јаболка извалкајте ги во садот со цимет (може и со мускантно оревче) и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. При тоа, може да се допираат. но не смеат да бидат едно парче врз друго.
- Рерната загрејте ја на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 100 степени и печете ги за време од 2 до 3 часа, зависно од тоа колку крцкави сакате да бидат. Во текот на печењето пожелно е да ги завртите од другата страна.
Вака направениот домашен чипс од јаболка е прекрасен за јадење и има крцкава текстура, што е знак дека е добро печен. Оставете го да се излади, а потоа послужете го или спакувајте го за подоцнежна вкусно и здраво грицкање. На здравје!
Ви предлагаме да го погледнете и рецептот за брзи здрави мафини, без шеќер и без глутен.