Домашен џем од моркови

Домашен џем од моркови

Кога сакате да користите намази, било тоа да се слатки или солени, доколку имате малку време предлагаме да си правите дома. Ваквиот домашен џем од моркови е еден вид на здрав намаз кој ќе ве снабди со убава енергија во наредните неколку часа после појадокот.

Топло препорачуваме да го премачкате лепчето на вашите најмили, а знаете нели дека штом нешто е препорачливо за дечиња мора да е здраво! Само неколку состојки и ќе го пробате вкусот кој создава насмевки. Уживајте и на здравје!

Домашен џем од моркови 2

Состојки:

  • 1 кг моркови
  • 0.5 литри вода
  • 500 гр кафеав шеќер или 400 мл мед
  • 1 лимон (сок и изрендана кора)
  • 1 портокал (сок и изрендана кора)
  • 1/2 кесичка цимет (околу 5 гр, а може да ја измените количината по желба).

Подготовка:

  1. Морковите најпрво измијте ги, исчистете ги, а потоа изрендајте ги.
  2. Земете средно големо тенџере и наредете го дното со првиот слој моркови (половина од ренданите моркови).
  3. Врз нив посипете од кафеавиот шеќер или налејте од медот.
  4. Сокот од лимонот и портокалот може да бидат исцедени во заеднички сад. Од него налевајте по малку врз двата слоја. Додајте и од ренданите трошки од кората од лимонот и портокалот.
  5. Посипете со малку цимет.
  6. Повторете ја постапката со вториот слој.
  7. Откако завршивте со редењето на состојките, во тенџерето турете ја водата.
  8. Џемот треба да се вари на тивок оган, барем 3-4 часа за убаво да се згусне, а при тоа треба повремено да се меша.
  9. Готовиот домашен џем од моркови се собира во тегли додека е топол, па се остава да се излади.

Ви препорачуваме да прочитате: Ароматичен џем од круши.

Сподели: