Домашна крем супа од праз и компири 1

Домашна крем супа од праз и компири

Да се подготви супа е многу едноставно, бидејќи за неа е потребен малку напор и неколку намирници, а доколку е домашна и природна, претставува навистина здрав и вкусен оброк. Па, ви предлагаме да си направите домашна крем супа од праз и компири која не само што е многу вкусна туку е и здрава!

Супата е одлична храна во сезоната на настинки и грип. Го зајакнува имунитетот и ни помага полесно да ги совладаме сезонските вируси. Нашиот денешен рецепт е за супа која е веганска, зеленчукова, а својата кремаста структура ја добива благодарение на компирите. Бидејќи во неа нема млеко или павлака таа е нискокалорична, па слободно може да ја консумирате и при диети.

Домашна крем супа од праз и компири 2

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 500 грама праз
  • 500 грама компири
  • 3 чаши бујон од зеленчук
  • 3 лажици власец
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво темелно исчистете го празот. Најлесно ќе го исчистите доколку прво се ослободите од горните зелени листови, а потоа го пресечете на половина и го исплакнете под силен млаз на вода или пак го оставите да отстои околу 15 минути во ладна вода. На овој начин нечистотијата од празот ќе се наталожи на дното од садот.
  2. Исечкајте го празот и кратко попржете го на маслиново масло за да омекне и да ослободи убав вкус.
  3. Компирите излупете ги и исечкајте ги на поситни коцки, па ставете ги во тенџере заедно со бујонот. Оставете ги да се варат околу 25 минути.
  4. Во супата додајте го и празот.
  5. Соединете ги состојките и изблендирајте ја додека добие убава кремаста структура.
  6. Посолете ја по вкус и зачинете со црн пипер. Супата сервирајте ја додека е топла, а непосредно пред тоа, поросете ја одозгора со малку власец.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашна супа за силен имунитет.

Сподели: