Независно од сезоната, организмот е подложен на различни влијанија кои можат да доведат до слабеење на неговите одбранбени механизми и појава на слаб имунитет. Но, има нешто што може да направите во врска со тоа.
Дома и од лесно достапни состојки, направете си домашна супа која навистина помага да имате силен имунитет. Тоа ќе ви помогне да превенирате одредени заболувања на организмот и да се заштитите од влошување на обичните настинки и секојдневните здравствени тегоби.

Состојки:
- 50 чешниња лук (околу 5 главици, исчистени и излупени)
- 2 лажици путер
- 2 лажици маслиново масло
- 2 големи главици кромид (сечкани на коцки)
- 1 лажица сечкана свежа мајчина душица
- 6 чаши пилешка бистра супа
- 1 китка од свежи билки – магдонос, мајчина душица, ловоров лист (или 2 лажици мешан зачин)
- 3 чаши бајат леб исечен на коцки
- 1 чаша изматена неутрална павлака
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Исчистете ги и излупете ги чешнињата лук, налејте ги со маслиново масло и завиткајте ги во алуминиумска фолија.
- Вака подготвениот лук печете го во тава, околу 90 минути, во загреана рерна на 180 степени.
- Оставете го да се излади.
- За тоа време, во тенџере на средна температура загрејте ги маслиновото масло и путерот, а во нив динстајте го исечканиот кромид околу 10 минути.
- Веќе изладениот печен лук извадете го од фолијата и додадете го во динстаниот кромид.
- Промешајте, додадете ги свежата сечкана мајчина душица, бистрата супа и китката со свежи билки или мешаниот зачин.
- Намалете ја температурата, па додадете ги парчињата леб и оставете да врие околу 5 минути, додека лебот не омекне.
- Доколку сте ставиле китка со свежи билки, сега е време да ја извадете од тенџерето, а добиената супа да ја измиксате во блендер додека не добиете полукремаста смеса.
- Вратете ја супата во тенџерето и додадете ја крем павлаката, а по вкус ставете сол и црн пипер.