Домашни здрави енергетски плочки 1

Домашни здрави енергетски плочки

Често се случува да отидеме во маркет и да посегнеме по познатите мали и вкусни залчиња. На некој начин тие “освежуваат“ и придонесуваат за чувство на позитивен енергетски бран. Нашата пријателка Клара ни овозможи прекрасно уживање и во домашни услови и со сите нас го сподели својот рецепт за домашни енергетски плочки.

Кога и да пробаме рецепт кој ни го подготвила Клара, како и уште неколку други наши соработнички, вкусот и изгледот се баш како што ни опишале. Им благодариме за тоа, а во оваа прилика, во продолжение повелете уште еден испробан рецепт!

domasni zdravi energetski plocki 2

Состојки:

  • 300 гр урми
  • 50 гр сусам
  • 45 гр експандирани житни снегулки
  • 3 лажици медотаан
  • 2 лажици путер
  • 55 гр чоколадо
  • 150 гр кикиритки
  • 1/2 лажиче ѓумбир во прав
  • на врв од лажиче мелено каранфилче.

Подготовка:

  1. Најпрво урмите ситно исечкајте ги, а сусамот потпелете го.
  2. Медотаанот, путерот и чоколадото ставете ги на тивок оган или на водена бања да се растопат и соединат.
  3. Кикиритките измелете ги или исечкајте ги во сецко, а ако немате може да ги ставите во најлонче и внимателно да ги иситните со толчник или сукало.
  4. Во длабок сад ставете ги сувите состојки и убаво измешајте ги, а потоа поврзете ги во компактна смеса со растопените состојки.
  5. Смесата распоредете ја во калап 22х22 см и убаво израмнете ја. Почекајте смесата да стане цврста, па исечете ја на штангли.

На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни коцки со путер од кикиритки – без печење.

Сподели: