Без многу мака до слатко чоколадно уживање. Нема потреба од печење, ги правите и јадете! Овој лесен и брз рецепт за чоколадни коцки со путер од кикиритки е предлог од кујната на нашиот пријател Давор, а ние со големо задоволство го споделуваме со сите вас. Уживајте во секој залак!
Состојките во овој рецепт се одбрани така што креираат една посебно вкусна сензација со арома на чоколадо и кикиритки. А, бидејќи ние имаме испробан рецепт кој се покажа како многу успешен и позитивно оценет од поголема група на дегустатори, ви предлагаме путерот од кикиритки да го направите сами дома, па повелете рецептот.
Состојки:
Основа:
- 200 гр бисквити или крекери
- 70 гр растопен путер
- 120 гр путер од кикиритки
Слој од чоколадо:
- 200 гр темнo чоколадо растопена
- 60 гр путер од кикиритки.
Подготовка:
- Најпрво бисквитите се мелат во прав, а потоа им се додаваат растопениот путер и путерот од кикиритки.
- Откако убаво ќе ја измешате смесата, се распределува во мало правоаголно тавче.
- Врз оваа основа се истура растопеното чоколадо и на неколку места со помош на лажица се става растопен путер од кирикитки.
- Со помош на чепкалка се прават движења низ целото тавче.
Добар апетит!
Рецептот го испратил: Давор Панчевски.