Ретко кој сака да фрла храна, па доколку ви остане лед од претходниот ден, зошто не би направиле кнедли? Ем ќе го искористите, ем ќе биде превкусен кога ќе го јадете. Вака припремените домашни кнедли од бајат леб се одлични како прилог за со месо, а може да ги употребите и како додаток за домашна супа.
И, уште еднаш и благодариме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone за убавиот и корисен рецепт. Добро е да се знае, а уште поубаво е кога ќе се проба!

Состојки:
- 400 гр бајат леб
- 2 јајца
- 2 лажици мешан зачин
- 300 мл млеко
- 100 гр сланина
- малку сечкан магдонос.
Подготовка:
- Лебот прво исечете го на парчиња, а потоа нив исечете ги на коцки.
- Коцките леб ставете ги во рерна за малку да заруменат.
- Јајцата разматете ги, а потоа во нив додајте ги мешаниот зачин, млекото, сечканиот магдонос и сланината, исто така исечкана на ситни коцки.
- Смесата со јајцата прво измешајте ја добро, а потоа соединете ја со коцките леб. Оставете така да стојат околу 15-20 минути.
- Оформете ролат и завиткајте го во платнета крпа која претходно сте ја посипале со презла. Крпата треба да биде поголема за да можете добро да ги завразете краевите.
- Во поголем сад на оган ставете посолена вода да зоврие, па претходно припремеиот ролат во платнена крпа, ставете го во водата која врие за време од околу 30 минути. По желба во водата можете да додадете коцка за супа, ловоров лист и неколу зрна црн пипер.
- Кога ролатот убаво ќе се свари, исцедете го, одврзете го и исечете го на ленти или парчиња по ваша желба.
- Вака припремените кнедли од бајат леб можете да ги служите како прилог со месо, а за најдобар вкус во овој случај би препорачале да ги прелиете со сосот од печењето.
Забелешка: Наместо ролат (векна) од смесата можете да направите топчиња, за кои е потребно да се варат само неколку минути во посолена вода која врие.
Ви препорачуваме да прочитате: Лесна солена пита од бајат леб и тиквички.