Не случајно ги избравме овие состојки за да создадеме вкусни и здрави лепчиња од овес и ржано брашно! Одлично најадуваат и полни се со хранливи материи. Тоа може да го забележите и од составот, погледнете!
Од предложената доза направивме 18 тркалезни лепчиња. Убави се за јадење дома како дел од оброците или пак за носење на работа, за подготовка на сендвичи, па дури и за тостирање. Од нашата кујна, со љубов за вас!

Состојки:
- 4 јајца
- 2 чаши овесни снегулки
- 3 чаши ржано брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 чаша јогурт
- 1 лажиче сол
- 2 лажици ладно цедено масло од чиа од Фила
- 2 лажички чиа семе
- 2 лажички ленено семе во зрно од Фила
- 2 лажички семки од тиква од Фила
- 2 лажички суво оригано.
Подготовка:
- Овесните снегулки ставете ги во блендер и иситнете ги до брашно.
- Во одделен сад измешајте ги сувите состојки. Ставете ги ржаното брашно, измелените овесни снегулки, прашокот за печиво, солта, чиа семето и лененото семе, семките од тиква и ориганото.
- Изматете ги јајцата со помош на миксер. Матете во поголем чист сад, додека се добиете густ крем.
- Потоа во садот додајте ги јогуртот и маслото од чиа. Измешајте со лажица.
- Измешаните суви состојки додајте ги постепено во садот со јајцата и во меѓувреме мешајте со лажица.
- Со лажица мерете количина за секое од топчињата, а готовите топчиња, печете ги во претходно обложена тава со хартија за печење и во загреана рерна на 180 степени, додека заруменат. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.