Ако досега не сте пробале ништо слично, ви предлагаме да го пробате нашиот предлог за домашни равиоли со пилешко и тоа со превкусен сос од павлака. Рецептот е испробан и ни доаѓа од кујната на нашата драга пријателка Лана, од блогот Кuhinjica Мignone.

Состојки:
За тесто:
- 200 гр брашно
- 1 рамно лажиче сол
- 2 јајца
- малку вода.
За фил:
- околу 200 гр варено пилешко месо
- Неколку чешниња лук
- Сол и црн пипер
- Магдонос
- 1 јајце или малку павлака.
За сос од павлака:
- 200 мл кисела павлака
- малку путер
- 1 лажица густин
- сол
- свежи зачини.
Подготовка:
- Состојките за тестото ставете ги во сад за месење и од нив замесете убаво тесто. Тестото оставете го да одмори околу 10 минути, а потоа развлечете го во две тенки кори, рачно или уште подобро ако имате машина за помош.
- За филот треба ситно да го исечкате лукот и малку да го пропржите, а потоа во тавата додајте го пилешкото месо, претходно исчистено од коските и заедно пржете ги. Додајте ги зачините, малку сол и црн пипер по вкус. На крај, додајте го јајцето или малку павлака за да ја поврзи смесата, па додајте го и сечканиот магдонос во количина по желба.
- Едната тенка кора направете ја основа на која ќе ставате на секои 3-4 см по малку фил. На местата каде што нема фил премачкајте со изматено јајце или ладна вода за равиолите да не се отвораат при готвењето. Потоа преклопете со втората кора од горе и малку притиснете ги корите околу филот. Со помош на нож, кој е убаво да биде со резба, исечете ги на мали квадрати.
- Така припремените домашни равиоли со пилешко месо гответе ги во солена вода која врие околу 10 минути, па со помош на лажица со дупчиња извадете ги и сервирајте ги.
- Во меѓувреме припремете го сосот. Во малку загреан путер пропржете лажица густин, додајте ја киселата павлака и гответе додека сосот убаво се згусне. Додајте сол и црн пипер по вкус, ситно сечкани свежи зачини и додека се е топло, прелијте го сосот од павлака врз домашните равиоли со пилешко. Декорирајте и зачинете со прстофат рендан пармезан.
На здравје!