Убави веѓи се знак дека жената се грижи за себе и за својот изглед! Но, не секогаш сме во можност да ги одржуваме во совршена состојба. За тоа да не биде така, во продолжение ви презентираме природни третмани кои се изведуваат лесно и во домашни услови, а ефектот е видлив.
Причина за лош изглед на веѓите може да биде неквалитетна шминка или пак некои проблеми со здравјето. Поттикнувањето на регенерацијата на фоликулите на влакната е можно и со едноставни домашни средства. Едното кое ви го предлагаме треба да го подготвите сами, од само 2 природни состојки, а другото средство е готов производ кој исто така е природен и само треба да го нанесете. Целта и во двата случаи е да постигнете да имате убави веѓи кои ќе ги обожавате! Еве за кои домашни третмани за веѓи станува збор.

Домашен третман од маслиново масло и лимон
Состојки:
- 4-5 лажици маслиново масло
- кришка лимон.
Подготовка:
- Кришката лимон ставете ја во шолја, а потоа додајте го маслиновото масло.
- Шолјата поклопете ја со тацна и оставете ја да стои 5 дена.
- Откако поминале 5 дена можете да започнете со домашниот третман на веѓите.
Начин на употреба:
Секоја вечер, пред спиење, на претходно измиено и суво лице, по линијата на веѓите нежно поминете со кришката лимон. Најдобро е да не го миете лицето потоа и да оставите домашното природно средство да делува преку ноќ. Постапката треба да ја повторувате секоја вечер за време од 3-4 недели, а првите резултати треба да бидат видливи по 1 недела.
Како дополнување на ефектот, ви препорачуваме доколку имате време и можност да користите и рицинусово масло. Тоа е едноставно, евтино и ефикасно средство кое е богато со полинезаситени масни киселини, па ги храни влакненцата од внатре и го стимулира нивниот раст.
Домашен третман за веѓи со SLC Eyebrow Enhancer
SLC Eyebrow Enhancer e специјална формула која овозможува зголемување на должината и дебелината на веѓите, правејќи да изгледаат погусто.
Претставува природна формула со висок квалитет
Производот SLC Eyebrow Enhancer е направен од 100% сигурни, природни и органски состојки, кои даваат потполна заштита на очите од иритации и воспаленија. И не само тоа, оваа формула е збогатена со биотин и витамин Е, кои обезбедуваат максимални резултати.
Наменет е за оние кои имаат:
- Кратки и тенки веѓи
- Ретки и кршливи веѓи
Какви резултати може да очекувате?
- Клинички докажано, видливо ги продолжува веѓите и до 46% за 2 недели, а за 6 недели и до 72%
- Ја зголемува густината на веѓите до 25% за 2 месеци
- Ги зајакнува веѓите и помага да се одржи нивната густина.
Начин на употреба:
Се нанесува секоја вечер, директно на коренот од влакното на веѓите. Ако пропуштите доза, продолжете со третманот наредната вечер. Од почетокот на користењето, вистинските резултати се гледаат после 2 месеци од почетокот на користење. За повеќе информации да се јавите на телефоните 078 215 929 и 02 270 0028 или да кликнете тука и да ја посетите веб продавницата.
Ви препорачуваме да прочитате: Рицинусово масло за брз раст и здрав сјај на косата, веѓите и трепките.