Рицинусово масло

Рицинусово масло за брз раст и здрав сјај на косата, веѓите и трепките

Рицинусово масло или уште познато како течно злато за косата е вистински вредно да се применува за нега.  На косата и дава здрав изглед и ја подобрува нејзината текстура, а исто така го забрзува нејзиниот раст и благопријатно влијае на нејзината структура. Густото рицинусово масло се добива со цедење на плодовите од растението рицинус, а бојата му е убава со златна боја нијанса. 

Се запрашувате зошто е толку посебно?

Рицинусовото масло содржи ретка масна киселина која се нарекува рицинолеична киселина, а може да се најде само во ова масло или во ретки видови на печурки. Поради високата содржина на оваа киселина во неговиот состав, рицинусовото масло покажува силни анти-микробиолошки  и анти-воспалителни дејства.

Рицинусово масло - зелен рицинус

Како да го нанесете?

Пред употреба, косата треба да биде влажна. Рицинусот е многу густ и леплив, така што, не се препорачува да се користи во големи количини. Примената во големи количини нема да помогне, туку ќе ја направи вашата коса мрсна и без волумен. Исто така, важно е да го нанесете само во коренот или само на врвовите. По нанесувањето, косата треба да се покрие со туш капа или пластична кеса, а потоа да се замота со топла крпа и да се остави да делува два часа. За тоа време, косата и кожата на главата го апсорбираат маслото.  За крај косата добро се плакне со млака вода, се става малку балсам и повторно се плакне.

Eве на кои начини рицинусовото масло и помага на вашата коса

Обезбедува хидратантен ефект на вашата коса

Поради големата моќ на продирање во косата и кожата на главата, пренесува бројни минерали и хранливи материи кои обезбедуваат долготрајна хидратација и прихрана на коренот. Рицинусовото масло, исто така делува како средство за задржување на влажноста на косата и кожата на главата. Редовната употреба на ова масло, косата ја прави мека и еластична.

Го стимулира растот на косата, веѓите и трепките

Рицинусовото масло стимулира раст на косата, веѓите и трепките, дури и на места каде што поради некои причини истите испаднале. Покрај тоа, исто така го забрзува растот.

Го поправа оштетувањето на косата предизвикано од хемикалии

Со редовна употреба, рицинусовото масло може да го поправи оштетувањето на косата предизвикано од хемикалии (употреба на силни фарби, хидрогени и слично). Омега-9 масните киселини, кои ова масло ги содржи во изобилство, спречуваат сувост, како на кожата на главата, така и на косата.

За најдобри резултати, потребно е да користите ладно цедено масло. Квалитетното ладно цедено масло има златно-жолта боја и благ мирис на растението. Исто така, истражувањата покажуваат дека ладно цедено масло ги намалува брчките и темните дамки на кожата.

Ви препорачуваме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.

Сподели: