До совршен тен со природни масла за сончање

Ова лето добијте совршен бронзен тен со помош на природни масла за сончање. Со овие масла не само што ќе потемнете на здрав начин туку и вашата кожа ќе биде длабински хидрирана и мека како свила.

Најдобар начин за да добиете убава боја на кожата е постепено да се изложувате на сонце. Така ќе може да уживате под сонцето без изгореници. Сончањето со природни масла е најздрава опција, но мора да се придржувате до основните правила за сончање. Тоа значи дека треба да избегнувате изложување на сонце во попладневните часови.

масла за сончање

Неколку совети кои треба да ги знаете пред да започнете со сончање

Ако сакате да добиете здрав и убав тен, важно е пред да започнете да се изложувате на сонце да ги следите овие совети. Најпрво направете пилинг и исчистете ја кожата од мртвите клетки и нечистотии. Ви предлагаме да го пробате го нашиот домашен пилинг за тело со шеќер. Исто така, пред да ги нанесете маслата за сончање на кожата, таа треба да биде потполно чиста за да може истите да дејствуваат. Со сончањето почнете внимателно и постепено, а особено бидете внимателни доколку имате светол тен. Почекајте прво да добиете малку боја, па потоа префрлете се на користење на природни масла. Во продолжение дознајте кои природни масла се најдобри сојузници на убавиот тен.

Кокосово масло

Кокосовото масло особено им се препорачува на лицата со осетлива кожа, кои сакаат на брз и безбеден начин да добијат бронзен тен. Останатите масла може дури и да ја влошат состојбата на кожата кај овие лица.

Масло од лешник

Едно од најдобрите масла за брзо потемнување е секако маслото од лешник. Ова масло содржи витамин Е и многу лесно се впива во кожата за разлика од другите масла со иста намена.

Маслиново масло

На сите им е добро познато дека маслиновото масло се користи за брзо потемнување. Но, ретко кој знае дека ова масло има многу подобар ефект доколку истото се измеша со малку свежо цеден сок од морков и тинктура од јод. Морковот ќе ви овозможи совршен тен, додека пак јодот ја заштитува кожата од изгореници од сонце. Начинот на подготовка и придобивките од користењето на ова масло, прочитајте ги тука.

Масло од авокадо

Маслото од авокадо им се препорачува на лицата кои имаат сува кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: Состојките од кујната корисни за нега на кожата по сончање.

Сподели: