домашно масло за сончање

Домашно масло за сончање

Сонце, море и плажа се задолжителен дел од секое лето. За да биде се совршено, кожата треба соодветно да се негува при изложувањето на сонце со млеко, лосион или масло за сончање. Но, на етикетите на купечките препарати за сончање може да забележите дека тие содржат многу состојки и хемикалии. Затоа, ви нудиме здрава алтернатива за домашно масло за сончање.

Ставете ја природата во служба на вашата убавина, баш како што тоа некогаш го правеле вашите баби. Пред многу години немало многу производи за сончање, па затоа жените морале да бидат мудри и негувани како вистински дами.

Најдобро за заштита на кожата е да се мачкаме со природни препарати кои не се штетни. Некои нанесуваат само маслиново масло, но неговиот природен заштитен фактор е 2, што не е доволно за заштита од штетните УВ зраци. Природен, но поголем заштитен фактор имаат морковите и оревот, а нивната мешавина ви овозможува врвна нега на вашата кожа.

масло за сончање

Домашно масло за сончање од маслиново масло

Маслиновото масло е одлична состојка која помага за да добиете убав тен, а многумина од нас го имаат дома. Тоа е богато со витамин Е, кој што е природен антиоксидант, со многу поволен ефект врз кожата. Тој ја смирува и хидрира, а помага и за добивање на златен тен. За да направите домашно масло за сончање измешајте маслиново масло со неколку капки свеж сок од морков или цвекло, кои ќе ви помогнат за добивање на потемен тен. Во смесата од масло и сок додадете неколку капки јод за да ја заштити кожата од изгореници и од сончевата радијација.

Природните масла можат да ја обноват, подмладат и заштитат кожата. Тие се значително поевтини, природни и високо ефективни во грижата на кожата.

Совет плус: Еден од најдобрите начини за да постигнете убаво потемнет тен, а воедно да го зачувате здравјето на вашата кожа е постепено да се сончате секој ден. Пред да започнете со сончањето важно е да направите ексфолијација и исчистите вашата кожа, а потоа да нанесете лосион или крем. На овај начин ќе постигнете подобри резултати. И секако не заборавајте да ги користите состојките од кујната кои корисни за нега на кожата по сончање.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен лосион за сончање.

Сподели: