Гинкго Билоба

Д-р Нела Деспотовска советува: Ginkgo Biloba ја подобрува енергијата, расположението и меморијата

Ginkgo Biloba е екстракт добиен од листовите на Гинкго Билоба – најстарото и најлековито дрво во светот, кои имаат единствена лековита моќ на луѓето да им овозможат добро здравје, а со тоа и долговечност. Во кинеската медицина е користено за лекување на различни здравствени проблеми илјадници години наназад. А, за да дознаеме повеќе за придобивките од употребата на ова лековито растение ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска.

Медицинскиот центар на Универзитетот од Мериленд утврди дека гинкго билоба е едно од најстарите видови на дрва на планетата, кое денес е во најпродаваните хербални лекови ширум светот.

Гинко Билоба

Зошто Ginkgo Biloba?

Дали често заборавате? Дали се соочувате со лоша циркулација? Колку често имате астматични проблеми? Дали имате зуење во ушите? Во продолжение прочитајте ги придобивките од консумацијата на гинкго билоба.

Ginkgo Biloba ја подобрува функцијата на мозокот

Ginkgo Biloba ја подобрува мозочната микроциркулација и на тој начин го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород. Ја подобрува циркулацијата и меморијата, делува антидепресивно и анксиолитички, поради што е погоден за луѓе кои патат од мигрена. Исто така, Ginkgo Biloba се користи за намалување на тегобите кај астма, алергии, Алцхајмерова болест и кај кардиоваскуларни болести.

Има антивоспалителни својства и помага за регулација на крвниот притисок

Ова моќно растение го регулира зголемениот, како и намалениот крвен притисок. Препорачливо е да се користи:

  • при проблеми со бубрезите и црниот дроб
  • воспаленија
  • импотенција
  • зуење во ушите
  • ослабнување на слухот и видот поради старост
  • вртоглавица
  • хемороиди.

Корисно е и за дијабетичарите и помага при главоболки

Покрај наведените придобивки за здравјето, гинкго билоба го зголемува искористувањето на гликозата, па затоа е корисен и кај дијабетичарите. А, добро е да знаете дека листовите на гинкго билоба повеќе од 3000 години се користат во ориенталната медицина при лекување на астма, главоболки и мигрени.

Совет плус:  Ginkgo Biloba е врвен производ на пазарот кој помага при подобрување на циркулацијата, одличен е во борба против депресијата, лекувањето на бронхитис, подобрување на меморијата и пред се за подобрување на мозочната функција. Кај нас овој хербален лек е достапен во форма на капсули. А сега, имате супер можност да набавите NOW® Ginkgo Biloba, со врвен квалитет. NOW® Ginkgo Biloba се одгледува и екстрахира според највисоките стандарди за квалитет и е стандардизиран до мин. 24% Ginkgoflavonglycosides и мин. 6% Terpene Lactones, вклучувајќи Ginkgolide B, најзначајниот дел, и Ginkgolides A, C и Bilobalide. NOW® Ginkgo Biloba екстракт е со најдобар квалитет достапен во целиот свет.

За повеќе информации и порачки посетете ја онлајн продавницата на Trimeks, јавете на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или побарајте го NOW® Ginkgo Biloba во поголемите аптеки.

А доколку имате прашања во врска со консумирањето на NOW® Ginkgo Biloba, слободно пратете ни меил на: info@sezahrana.mk.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Сподели: