Се чувствувате стресно, ненаспано, вознемирено, депресивно или изморено? – Не сте единствени. Голем дел од светската популација се соочува со истите предизвици како и вие. Добрата страна е тоа што има решение за надминување на тие состојби. Со Д-р Нела Деспотовска разговаравме за ашвагандата како природна помош за ослободување од стрес и анксиозност и релаксирање на умот и телото.
Ashwagandha е билка која многу се користи во Ајурведа, традиционалниот хербален систем во Индија. Се употребува како општ тоник и „адаптоген“. Расте во топли климатски услови, а потеклото и е од северноисточниот дел на Индија. Во превод, ашваганда буквално значи “мирис на коњ” (ashwa – коњ, gandha – мирис) бидејќи тоа е билка која дава виталност и сила на коњ.

Ашвагандата помага за справување со стрес и анксиозност
Негативните аспекти на модерниот живот секојдневно оставаат трага на здравјето на нашиот организам, затоа добро е да се има тајно оружје. Ашвагандата може да биде од голема помош при стрес, замор, депресија, анксиозност, недостаток на енергија и концентрација. Медицинските научници ја проучувале со години и извршиле преку 200 истражувања за нејзините лековити својства. Го штити имунолошкиот систем, го подобрува учењето, помнењето и времето на реакција. Делува на централниот нервен систем и го зголемува производството на антистрес фактори. Ашвагандата е многу силен антиоксиданс кој ги уништува слободните радикали одговорни за бројни состојби и болести и процесот на стареење.
Богата е со состојки корисни за справување со вознемиреноста
Оваа моќна билка во себе содржи комбинација на аминокиселини и витамини кои му помагаат на телото да издвои победа над вознемиреноста, стресот, анксиозноста, депресијата и несоницата. На тој начин му помага на огранизмот да се релаксира и смири. Ашвагандата содржи многу корисни лековити состојки, вклучувајќи и лактони, алкалоиди, холини, масни киселини и разни шеќери. Таа е една од најмоќните билки за оздравување која се користи долги години. Во традиционалната медицина им се препишува на луѓето за јакнење на имунитетот после болест.
Каде може да најдете ашваганда?
Бидејќи оваа билка не се одгледува кај нас, единствен начин да ги искористите нејзините придобивки, е да ја земате во вид на додаток на исхраната. А, како таков производ, ја препорачуваме Ashwagandha од NOW. Ашвагандата може да ја нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. А, може да ја најдете и во повеќето аптеки низ земјава.
NOW Ashwagandha ја препорачуваме затоа што:
- му помага на организмот да се прилагоди на привремен нормален стрес
- го поддржува здравиот имунолошки систем
- го намалува стресот и заморот
- помага при анксиозност, вознемиреност, депресија
- ги елиминира слободните радикали
- претставува стандардизиран екстракт
- го регулира нивото на хормони
- го јакне организмот.

Совети плус:
Како дополнителна помош за полесно справување и намалување на стресот и анксиозноста ги препорачуваме L-OptiZinc и Beta-1,3/1,6-D-Glucan.
L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. L-OptiZinc претставува имунолошка поддршка, содржи цинк во висока биорасположлива форма, ја поддржува ензимската функција. Производот содржи бакар. Има силни антиоксидансни својства и ги штити клетките. L-OptiZinc е важен во апсорпција на витамин А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имунолошки систем, за добра функција на половиот систем кај мажи и жени, за простата, потенција и неплодност, стимулира и штити од алергии и кожни болести како псоријаза. Недостигот доведува до депресивни симптоми, мускулна атрофија, ниско ниво на тестостерон. Цинкот е неопходен за многу органи и телесни системи да функционираат нормално, вклучително и скелетни, имунолошки, невролошки и ендокрини системи.
NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. NOW Бета-Глукан се меша со маитаке печурки за дополнителна поддршка. Од голема важност е и неговата антиоксидативна улога. Освен што го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имунолошките клетки, бета глуканот се користи и при:
- висок холестерол
- дијабетес
- автоимуни заболувања
- разни инфекции
- хроничен замор
- респираторни инфекции
- настинка и грип.
L-OptiZinc и Beta-1,3/1,6-D-Glucan исто така може да ги нарачате со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс, а ги има и во поголемите аптеки.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Ашваганда за поздрав организам и намалување на стресот.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.