Б2 витамин

Д-р Нела Деспотовска советува: Б2 витамин важен за секоја клетка

Истражувањето за здравјето е страст на целиот наш тим! Во оваа прилика посветивме време на помалку разговараниот Б2 витамин, за кој откривме дека ја помага функцијата на сите клетки во организмот! Уште е познат и како рибофлавин, а е член на семејството на Б витамините. Природно е присутен во зелениот зеленчук, црниот дроб, бубрезите, пченичните ‘ркулци, млекото, јајцата, сирењето и рибата. Зошто е важен за организмот, полесно ни помогна да откриеме разговорот со Д-р Нела Деспотовска, па срдечно и се заблагодаруваме!

Рибофлавинот или Б2 витамин е важен за растот, развојот и функцијата на клетките во нашето тело. Освен тоа, помага храната која ја јадеме да се претвори во потребната енергија. Важен е за одржувањето на здравјето на крвните клетки, ја зголемува енергијата, помага за здрав метаболизам, го штити организмот од штетните радикали, го подобрува изгледот на кожата и здравјето на очите.

Б2 витамин

Витаминот Б2 се наоѓа природно во некои намирници, па ако јадете доволно од намирниците кои ви ги препорачуваме подолу, може да добиете одредени количини од овој витамин. Б2 витаминот го има во:

  • Јајца, месо од органи (како што се бубрези и црн дроб), немасно месо и млеко со малку маснотии
  • Зелен зеленчук (како аспарагус, брокула и спанаќ)
  • Збогатени житарки, леб и производи од жито.

Ако ве интересира подетално кои се препорачаните дози од овој витамин, соодветно на возраст, пол или одредени здравствени состојби, кликнете на овој линк, кој води до оригиналното истражување.

Дали знаете кои лица може да имаат недостаток на Б2 витамин?

Во подолната листа, ви посочуваме кои групи на луѓе имаат проблем да добијат доволно рибофлавин:

  • Спортисти кои се вегетаријанци (особено строги вегетаријанци кои избегнуваат млечна храна и јајца)
  • Бремени жени и доилки, како и нивните бебиња
  • Луѓе кои се вегани
  • Луѓе кои не јадат млечна храна
  • Луѓе со генетско нарушување во метаболизмот на овој витамин. Тоа доведува до неправилно апсорбирање и искористување на Б2 витаминот, што предизвикува и негов недостаток.

Што се случува при недостаток на овој витамин?

Недостатокот на Б2 витаминот може да предизвика проблеми со кожата, рани на аглите на устата, отечени и испукани усни, опаѓање на косата, воспаление на грлото, нарушувања на црниот дроб и проблеми со репродуктивниот и нервниот систем.

Тежок – долготраен недостаток на Б2 витаминот предизвикува недостаток на црвени крвни клетки (анемија), што прави да се чувствувате слаби и уморни. Исто така, предизвикува заматување на леќата во очите (катаракта), што влијае на видот.

Кои видови на додатоци во исхраната на рибофлавин се достапни?

Според општите препораки, најдобро е потребните хранливи материи да се внесуваат преку здрава исхрана, односно намирници кои содржат витамини, минерали, растителни влакна и други компоненти кои имаат корист за здравјето. Но, во некои случаи и здравствени состојби, како посочените примери погоре, неопходни и препорачливи се додатоци во исхраната. Тоа е посебно добро и корисно кога не е можно да се задоволат потребите на организмот, на пример при силно спортување или бременост.

Од суплементите кои се достапни кај нас го препорачуваме витаминот Б-2 од Now Foods. Има повеќе полезности меѓу кои:

  • превенција на мигрена
  • при улцерозен стоматит
  • за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти
  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • ја поттикнува концентрацијата
  • ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
  • го подобрува видот и го ублажува заморот во очите, превенција од катаракта и глауком.
Б2 витамин

Повеќе информации за Б-2 од Now Foods, прочитајте на веб страницата на Тримекс. Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Зошто е важен витаминот Б12?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: