Кожата во зима повеќе ти се суши, а понекогаш и пука? Црвенилото и болката околу испуканото место ти прават непријатности? Имаш пробано да користиш кремови за раце, но не ти помагаат? – Имаме неколку супер совети од Д-р Нела Деспотовска кои мора да ги прочиташ. А што ако ти кажеме дека сувата и испукана кожа на прстите може да е предизвикано од недостаток на витамини во зимскиот период? Си размилсувал за тоа? – Ајде да почнеме!
Сувата и испукана кожа на рацете изгледа непријатно, а во некои случаи може да предизвика чешање или болка. Кои се причините за испукана кожа на прстите, како да се грижите за вашите раце и да спречите понатамошно пукање на кожата, дознајте во понатамошниот разговор со Д-р Нела Деспотовска.

Кои се најчестите причини кои доведуваат до пукање на кожата?
Често миење раце
Премногу честото миење раце ги отстранува заштитните масла од кожата, ја прави сува, а со тоа и подложна на пукање. Најдобро е да се нанесува крем за раце после секое миење на рацете и да се намали контактот со сапун.
Климатските услови
Неповолните климатски услови можат негативно да влијаат на рацете и да предизвикаат пукање на кожата на прстите. На ова особено се изложени луѓето кои не носат ракавици за време на суви и студени зими.
Генетиката
Некои лица имаат поголема предиспозиција за пукање на кожата, како на телото, така и на прстите.
Најчести медицински состојби поврзани со пукање на кожата на прстите се:
- Егзем на рацете (дерматитис) – егземата е состојба при која делови на кожата се воспалуваат, стануваат црвени и предизвикуваат јадеж, а може да се појават и меурчиња.
- Псоријаза – станува збор за автоимуна болест која предизвикува црвени, воспалени дамки на кожата
- Алергиски контактен дерматитис – контакниот дерматитис се јавува кога лицето доаѓа во непосреден контакт со одредени материи на кои е алергична.
Кои витамини и минерали помагаат при испукана кожа на прстите?
Ако ги разгледаме истражувањата на оваа тема, ќе забележиме дека недостатокот на некои витамини и минерали може да доведат до сува и испукана кожа. Според Harvard Health Publishing, витаминот А, витаминот Б1 (тиамин), витаминот Б2 (рибофлавин) и витаминот Б3 (ниацин) помагаат за здрава кожа. Витаминот Ц помага во зазравување на раните, вклучително и пукнатините кои може да се јават кај сувата кожа. Дополнително и минералот цинк е неопходен за формирање на нови и обновување на оштетените клетки на кожата.
Витаминот Д-3 е користен при чешање на кожата. Дополнително, омега-3 масните киселини помагаат за намалување на сувоста на кожата.

Потрудете се овие хранливи состојки да ги земете преку исхраната, а ако имате посериозен проблем, разговарајте со вашиот матичен лекар и вклучете додатоци во исхрана. Наша препорака се:
- AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која овозможува подобро апсорбирање во крвта и клетките, отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Сега може да го набавите со 30% попуст преку веб продавницата на Тримекс.
- NOW® B-1. Витамин Б1 припаѓа на витамини растворливи во вода,кој игра посебна улога во метаболните прооцеси.
- NOW® B-2. Витаминот Б2 ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
- Витамин Б-3 Flush Free Niacin – Полека се разложува во организмот за да обезбеди слободен ниацин и инозитол. Ова постепеното ослободување на ниацин овозможува вистинска активност на ниацинот без карактеристичното црвенило на ниацинот, кое многу луѓе не можат да го толерираат.
- NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Покрај бројните придобивки, се препорачува во зима, за поздрава кожа и коса.
- Omega – 3, концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи).
Споменатите додатоци во исхраната може да ги купите и повеќе да прочитате од онлајн продавницата на Тримекс, или да ги набавите во поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска и Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Кои масла може да помогнат за намалување на сувата кожа?
Во зимскиот период кожата е изложена на различни негативни влијанија кои можат да доведат до сушење, пукање и иритација. За да се одржи кожата влажна, мека и здрава, потребна e дополнителна нега. Затоа, нанесувајте крем или лосион од природни состојки, или масирајте ја кожата на рацете со природни масла како што се:
- Кокосово масло – се препорачува еднаш дневно да нанесувате кокосово масло на рацете. Кокосовото масло ја смирува испуканата кожа на прстите и ги штити рацете од инфекции.
- Рицинусово масло – еднаш дневно, масирајте ги прстите (или испуканата област) со рицинусово масло и исплакнете по 15-20 минути. Рицинусовото масло содржи витамин Е, кој придонесува за заздравување на пукнатините.
- Маслиново масло
- Шеа путер.
Ви препорачуваме да прочитате: Испукана кожа на раце и стапала – што ја предизвикува и како да си помогнете.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е поддржан од Тримекс.