уринарна инконтиненција

Д-р Нела советува: Како да си помогнете при уринарна инконтиненција?

Уринарната инконтиненција е многу непријатна појава со која се соочуваат дури 25% од женската популација на возраст од 14 -21 година и речиси 60% од популацијата на возраст од 40 – 60 години. Причините за појава на уринарна инконтиненција се многубројни и од различен карактер. Бидејќи многу наши читатели се соочуваат со овој проблем, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. Нејзините совети ни се многу важни, па затоа ѝ се заблагодаруваме за издвоеното време и насоките за подобро здравје на сите нас! 

Што е и кои се причините за појава на уринарна инконтиненција?

Уринарната инконтиненција е неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур. Во некои случаи, уринарната инконтиненција се јавува како целосно испуштање на содржината на мочниот меур, додека во други, се испушта само мало количество урина. Може да биде предизвикана од различни состојби како што се бременост, менопауза, дебелина или друг здравствен проблем. Добрата вест е што истата речиси секогаш може да биде излекувана. Доколку забележите ваква појава, поразговарајте со вашиот лекар, по потреба земете лекарства и применете ги следните совети за начинот на живот, вежби и исхрана.

Како да си помогнете при уринарна инконтиненција

Видови на уринарна инконтиненција и симптоми кои ги предизвикува истата

  • Инконтиненција предизвикана од стрес. Се случува да се измокрите додека кивате, кашлате или подигнувате нешто тешко.
  • Зачестено мокрење. Кога имате ненадејна и силна потреба за мокрење.
  • Чувство на полн мочен меур. Кога често го одлагате одењето во тоалет и имате чувство дека не сте ја испразниле бешиката во целост.
  • Помешана инконтиненција. Кога имате неколку од горенаведените симптоми одеднаш.

Кои се најважните совети за лицата кои се соочуваат со овој проблем?

Тренирајте го мочниот меур

Оваа техника подразбира одложување на потребата за посета на тоалет кога имате силна потреба. Треба да го одложите времето меѓу две посети на тоалет додека ја достигнете целта од 2 часа. На овој начин може и да откриете што е причината за вашите симптоми.

Практикувајте дупло мокрење

Доколку имате чувство дека не сте се испразниле до крај после мокрење, почекајте неколку минути, па обидете се повторно да уринирате.

Мокрење по распоред

Наместо да чекате да почувствувате потреба за одење во тоалет, направете распоред по кој ќе одите. Нека биде тоа на секои два до четири часа.

Направете промена во начинот на исхрана и животните навики

За одново да стекнете контрола врз мочниот меур постојат неколку промени кои може да ги воведете во својата исхрана, како и одредени навики со кои може да ја олесните тензијата. На пример, избегнувајте работи кои го иритираат мочниот меур како што се кофеинот, никотинот, алкохолот, вештачките засладувачи и зачинетата храна. Покрај тоа, избегнувајте производи за интимна хигиена кои содржат мириси и пијте од 6 – 8 чаши вода на ден.

Правете вежби за зацврстување на мускулите на карлицата

Кегеловите вежби може да ги зајакнат мускулите на карлицата и да ја подобрат контролата над мочниот меур. Кегеловите вежби подразбираат стискање на мускулите на карлицата исто како кога се воздржувате за да не мокрите, при тоа избројте до 10, а потоа опуштете ги мускулите. Повторете ја постапката 20 пати и тоа 3-4 пати на ден.

Уринарните инфекции може да предизвикаат зголемена и зачестена потреба за мокрење

Во некои случаи уринарните инфекции може да предизвикаат потешкотии при уринирањето, како и зачестена потреба за одење во тоалет. Па, доколку зголемената и зачестена потреба за мокрење е пропратена со болка, пецкање, крв во урината и непријатност во долниот дел од стомакот, треба да се провери дали станува збор за некоја бактериска инфекција на мочните патишта. Најчест причинител на уринарните инфекции е бактеријата Escherichia coli, а понекогаш може да биде предизвикана и од сексуално преносливи болести (кламидија, херпес или гонореја). Уринарните инфекции најчесто се третираат со антибиотици во времетраење од неколку денови.

Покрај антибиотската терапија се препорачува да се земаат и одредени суплементи како Д-манозаД-манозата е еден од природните производи, кои може да ви помогне да се ослободи од „здодевната” E. coli. Д-манозата е извлечена од растенијата и е достапна во форма на капсули или прав. Таа има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари. Д-манозата не ги убива бактериите – ниту добрите ниту лошите. Делува на таков начин што ја привлекува бактеријата E.coli и спречува да се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт. Кога E. coli ќе се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт, се шири и предизвикува проблеми. При земањето на Д-маноза, бактериите се лепат на едноставната молекула на шеќер и потоа се исфрлаат од организмот со мокрењето.

Покрај Д-манозата, од суплементите ги издвојуваме и Cranberry Caps, кои претставуваат концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа NOW FOODS. Тоа е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница. Брусницата содржи проантоцијанидини кои го попречуваат врзувањето на уропатогените бактерии (особено E. coli) во ткивото на мочниот меур и уретрата. Тие делуваат за промена на обликот на површината на бактериите и ги спречуваат да се поврзани со ткивото на уринарниот тракт. Така, бактеријата плови слободно и со урината се исфрла од телото.

уринарна инконтиненција

Овие додатоци во исхраната може да се најде во поголемите аптеки, да се порачаат преку онлајн продавницата на Тримекс или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.  А секако доколку имате прашање во врска со користењето може да ни пишете на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за подетален одговор.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: