Ако имате проблеми со зачнувањето на бебе и сте во потрага по различни совети и суплементи, треба да знаете дека селенот е ваш пријател кој е познат како важен минерал во борба против неплодноста. Во последно време многу парови се соочуваат со неможност за добивање на потомство, а тоа ни беше мотив да поразговараме на оваа тема со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. – Какво е влијанието на селенот, како помага за подобрување на репродуктивното здравје и за кого се препорачува? – дознајте од нашиот разговор со Д-р Нела Деспотовска.
Што е селен и кои се последиците од недостаток на овој важен минерал?
Селенот е есенцијален микронутриент, односно минерал во трагови кој е исклучително важен за човековото здравје. Тој е неопходен за создавање селенопротеин, кој ги заштитува клетките од оксидативно оштетување. Во последно време често се користи во репродуктивната медицина, бидејќи има позитивно влијание врз репродуктивното здравје кај мажите и жените. Отежнатото зачнување и слабата подвижност на сперматозоидите може да биде поврзано со недостаток на селен во организмот. Долготрајниот недостаток на селен може да доведи до неплодност кај мажите, но и кај жените.

Може да ве интересира: 4 сигнали кои посочуваат дека ви е потребен селен.
Кои се најзначајните придобивки од консумацијата на храна и суплементи со селен?
Селенот претставува многу моќен антиоксидант, кој всушност им недостасува на многу лица. Познатиот експерт за исхрана – Френки Броган, истакнува дека „Недостатокот на селен е еден од најголемите занемарени проблеми поврзани со здравјето во светот“. Селенот има бројни придобивки за здравјето како што се:
- помага во зајакнувањето на имунитетот
- го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања
- ја подобрува работата на тироидната жлезда
- позитивно влијае врз репродуктивното здравје
- го подобрува видот
- помага за намалувањето на симптомите и болката кај некои автоимуни заболувања како лупус и артритис.
Меѓутоа и покрај сѐ, за овој минерал многу ретко се зборува и не му се придава вниманието кое го заслужува.
Како селенот влијае на репродуктивното здравје кај мажите?
Селенот ја подобрува подвижноста на спермата и протокот на крвта во простатата. Тој навлегува во митохондриите на сперматозоидите и на тој начин може да влијае на тоа како тие се движат кон јајце клетката.
Во една студија учествувале 690 мажи со просечна возраст од 30 години кои имале проблеми со плодноста. Испитаниците секојдневно користеле суплементи од селен од 200 микрограми во комбинација со витамин Е од 400 микрограми во времетраење од 100 дена. По завршувањето на студијата се покажало дека кај испитаниците значително се подобрила подвижноста и морфологијата на спермата. Занимилив е фактот дека 64% од испитаниците по 14-те недели користење на селен и витамин Е како додаток во исхраната, забележале подобрување во плодноста. Затоа, научниците кои го спровеле ова истражување ги советуваат паровите кои имаат проблем со зачнувањето да земаат суплементи на база на селен во исхраната како дел од терапијата и борба против неплодноста.
Дали селенот може да го подобри женското репродуктивно здравје?
До сега се знаело дека селенот е важен елемент за плодноста на мажите, а со некои истражувања се испитала и докажала позитивната улогата на селенот и специфичниот селенопротеин и кај женското здравје. Селенопротеините се специфична група на протеини кои содржат селен во својата структура, за кои се докажало дека се неопходни за здрави јајници и нивна правилна функција и работа.
Во истражувањето на Универзитетот од Аделаида било забележало дека зголемената количина на селен и селенопротеин поттикнува зголемена продукција на здрави фоликули на јајниците. Затоа, се смета дека селенот игра клучна улога како антиоксиданс за време на завршните стадиуми на развојот на фоликулите, така што на тој начин се осигурува здрава средина за јајце клетката. Покрај тоа, некои студии укажуваат на тоа дека употребата на селен за време на бременост, го намалува ризикот од спонтан абортус во раните фази на бременоста.
Кои се изворите преку кои може да внесуваме селен?
Главни извори од намирниците се месото и месните преработки, риба и морски плодови, целозрнестите житарици, а дефинитивно највисока содржина на селен има во бразилските оревчиња (1 mg/kg).
За кого се препорачуваат суплементи со селен?
Доколку се обидувате подолго време да зачнете, а сте во следните групи на лица: вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на ниско калорични диети, кај намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), лаксативи, консумирате на тутун и алкохол, ви препорачуваме да користите суплементи со селен.

Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Зошто е потребно да внесуваме селен?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.