нега на кожата и плодноста на жената

Како негата на кожата влијае врз плодноста на жената?

Кога станува збор за плодноста на жената, она што го нанесува на кожата е подеднакво важно како и храната што ја консумира. Кожата треба да се негува со производи кои не содржат непосакувани состојки. На тој начин се зголемуваат шансите за бременост.

Доколку се сомневате и мислите дека козметичките производи немаат никакво влијание врз плодноста, прочитајте го текстот до крај. Ви претставуваме 5 причини зошто треба да внимавате што ставате на кожата.

нега на кожата и плодноста на жената 2

Нашиот организам прима преку 60% од состојките кои ги ставаме на кожата

Кожате е најголемиот орган во телото. Таа е пропустлива, шо значи дека ги впива повеќето состојки што ги нанесуваме. Сѐ она што ставаме: лосион, крем, шминка, дезодоранс, не останува на површината, туку се впива во органзмот и може да дојде до крвотокот. Токсините од тие препарати може да влијаат на лачењето на хормоните, да го ослават имунитетот, да предизвика алергии и интолеранција на одредени супстанци.

Бебето во стомакот впива сѐ што нанесуваме на кожата

Ако токсините од козметичките производи, преку кожата стигнат до крвотокот, сосема е логично дека постои можност да дојдат и до бебето во стомакот. Разни истражувања покажуваат дека голем дел од хемикалиите во разни производи стигаат до плодот. Од 400 тестирани хемикалии, дури 287 биле пронајдени во папочната врвца. Од нив 217 биле невротоксични, а за 208 е познато дека може да влијаат и на растот и развојот на бебето, како и да предизвикаат вродени маани. Меѓу нив е најпознатата штетна супстанца, бисфенол А.

Токсините од производите за кожа предизвикуваат неплодност

Една од клучните состојки кои се наоѓаат во поголем дел од производите за нега на кожа е перфлуорираната хемикалија. Контактот со оваа супстанца може да предизвика бројни проблеми со плодноста. Жените кои имаат повисоко ниво од овој токсин во телото, имаат помали шанси да забременат.

Хемикалиите од козметичките производи се ендокрини дисруптори

Штетните состојки од козметичките препарати влијаат на плодноста затоа што ги имитираат природните хормони и создаваат ендокрини дисруптори. На тој начин настанува хормонален дисбаланс. Повеќето од тие хемикалии имаат моќ да се врзуваат за рецепторите на естрогенот и така ја попречуваат нормалната работа на ендокриниот систем.

Совет плус: Како и сите органи, и кожата ќе биде витална, убава и здрава ако ја негуваме на правилен начин. Тоа значи да не ја третираме со производи кои содржат штетни материи и токсини и редовно да ѝ ги обезбедуваме потребните хранливи материи. Наместо да ја мачкате кожата со разни кремови, негувајте ја одвнатре преку здрава исхрана. А, кога веќе бирате производи, бирајте такви кои не содржат хемикалии и во својот состав имаат состојки кои може да се јадат, бидејќи тоа е знак дека се сигурни за употреба.

Освен тоа, има и начини како да си направите сами дома препарати за нега на кожата. Во тој случај 100% ќе бидете сигурни дека кожата ја негувате со природни состојки. Еве неколку идеи:

Ви препорачуваме да прочитате: 5 растителни масла за нега на кожата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: