рецепти за домашна паста за раце

3 едноставни рецепти за домашна паста за чистење на раце

За сите механичари, земјоделци и вредни работници кои имаат потешкотии да ги отстранат нечистотиите од рацете имаме неколку супер природни рецепти за домашна паста за чистење на раце.

Иако ваквите средства за чистење на раце може да се купат, секогаш е подобар избор да си ги направите дома. Готовите производи од овој тип содржат многу хемикалии кои може да ја оштетат кожата на рацете. За да се направи паста е мошне лесно и едноставно, а за некои од овие рецепти, состојките сигурно веќе ги имате дома.

рецепти за паста за раце

Солена паста за раце

Морска сол, маслиново масло и екстракт од портокал за чисти и негувани раце. Пробајте ја оваа ароматична паста, која може да ја направите во поголема количина и да ја чувате во стаклена тегла.

Потребни состојки:

  • ½ чаша морска сол
  • ¼ чаша растително масло (најдобро маслиново)
  • 2 лажички екстракт од портокал.

Начин на подготовка, употреба и чување:

  1. Измешајте ги морската сол, маслото и екстрактот од портокал (кој одлично ги отстранува нечистотиите од кожата).
  2. Вака подготвената паста со триење нанесете ја на влажни раце, а потоа темелно измијте ги со вода.

Дознајте повеќе за лековитите својства на природната морска сол.

Ароматична паста за чистење на раце со маслиново масло и шеќер

Моќта на маслиновото масло, медот, шеќерот и ароматичните билки споени во комбинација за полесно чистење и негување на рацете.

Потребни состојки:

  • маслиново масло
  • шеќер (или груба морска сол, ситно сечкани бадеми или ореви)
  • прстофат ароматични лековити растенија како лаванда, ментол, рузмарин, сува или свежа нарендана кора од лимон или портокал
  • малку мед.

Подготовка:

Во сад ставете ги сите состојки и измешајте. Доколку добиената паста е премногу течна, во неа додајте уште шеќер, а доколку е премногу густа разредете ја со масло и мед. Грубите состојки  делуваат како моќен пилинг на рацете, додека пак маслиновото масло и медот ја негуваат кожата и ја прават мека и нежна. Останатите состојки не се задолжителни, иако цитрусите поволно делуваат во процесот на отстранување на нечистотиите.

Паста со боракс (борна киселина)

Потребни состојки:

  • 1/2 чаша боракс
  • 2 лажици течен сапун
  • 10 капки етерично масло од портокал.

Начин на подготовка и чување:

  1. За да ја подготвите оваа паста измешајте 1/2 чаша боракс со 2 лажици течен сапун, па додајте 10 капки етерично масло од портокал. Вака подготвената паста чувајте во тегла и користете ја по потреба.

Лесно и едноставно, зарем не?

Ви препорачуваме да прочитате: Природни третмани за чистење на нормална и мрсна кожа.

Сподели: