Mаска од кисело млеко против сува кожа на рацете 1

Mаска од кисело млеко против сува кожа на рацете

Голем број од нас ја занемаруваат негата на рацете и дланките. Тоа не е ни чудно, со оглед на „трката“ со времето во денешниот начин на живот. Но, рацете се многу важни не само за убавината на една личност, туку и за беспрекорно и лесно функционирање во животот. Па, инспирирани од тоа, ви откриваме домашна и природна маска од кисело млеко против сува кожа,која и тоа како ќе им даде нежност на вашите раце.

Киселото млеко ја хидрира кожата и ја враќа нејзината рН рамнотежа, а маслиновото масло ја храни. Квасецот е богат со витамин Ц кој е потребен за побрзо обновување на клетките, додека краставицата ја освежува и хидратизира кожата.

Може да ве интересира: Природна маст од ориз за подмладување на раце.

Mаска од кисело млеко против сува кожа на рацете 2

Состојки:

  • 2 полни лажички кисело млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1-2 лажици рендана краставица.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во порцеланска или стаклена чинија измешајте го киселото млеко со маслиновото масло.
  2. Потоа, додајте го свежиот квасец и ренданата краставица. Добро измешајте.
  3. Вака припремената маска ставете ја во фрижидер околу половина час, за да се стегне и да се зголеми нејзината вискозност.
  4. Ладната маска нанесете ја на рацете и потоа замотајте ги во најлонска фолија за да ја зголемите нејзината делотворност. Оставете те ја околу 5 до 10 минути да делува, а потоа исплакнете ги рацете со млака вода. Исушете ги со крпа и нанесете хидратантен/витамински крем.

За да забележите резултати, нанесувајте ја маската барем 3 денови со ред.

Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за убави раце и лице.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: