Егзотичната лимета влијае одлично на здравјето на секој од нас 1

Егзотичната лимета влијае одлично на здравјето на секој од нас

Егзотичната лимета е плод од фамилијата цитрусни овошја, која не се користи само за припрема на коктели како што кај нас често се мисли, туку има и многу здравствени придобивки. Ова интересно овошје придонесува многу за здравјето на секој од нас.

Лиметата го подобрува варењето на храната, спречува настанување на камчиња во бубрезите, го намалува ризикот од срцев удар, згрутчување на крвта, е сојузник на женското здравје, помага против стареење и за слабеење.

Егзотичната влијае одлично на здравјето на секој од нас 2

Лиметата го подобрува варењето

Флавоноидите во цитрусното овошје помагаат за смирување на желудочните проблеми и го подобруваат варењето. За да го постигнете овој ефект, најдобро е после оброкот да испиете шолја топла вода со цеден сок од една лимета и малку мед. Исто така, ова егзотично овошје е одлична помош против запек.

Го намалува ризикот од инфаркт

Истражувањето направено од American Heart Association покажала дека жените кои јадат поголеми количини на цитрусни овошја, имаат до 19% помалку срцеви удари поради згрутчување на крвта. Со оглед на тоа што во портокалите и грејпфрутот процентот на шеќер е повисок, се препорачува изборот на цитрусни плодови да го правите така што ќе избирате за време на готвењето.

Ја подобрува работата на дишните органи

Ситно изрендана кора од лимета може да ви помогне за отворање на дишните патишта, брзо олеснување на дишењето, ги отвора синусите и намалува тегоби. Се што треба да направите е да вдишувате, односно да ја мирисате, непосредно по рендањето.

Го смирува првутот

Есенцијалните масла од лиметата имаат антибактериски карактеристики, а се покажало и дека спречуваат раст на бактериите кои го предизвикуваат првутот на темето.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здравствени придобивки од консумацијата на лимета.

Сподели: