Само штом ги погледнете знаете дека похувани маслинки се солен специјалитет, мезе или предјадење кое мора да се проба! Многу се познати и најповеќе подготвувани во прекрасната Италија, а сега имаме можност по одличен рецепт да направиме прекрасни похуваните маслинки и самите дома.
Похуваните маслинки се вистинска вкусна кулинарска авантура која ќе им се допадне на сите генерации и возрасти. За доброто залче нема години кои не се погодни, кој пробува останува воодушевен!
Состојки:
- 10-тина маслинки по лице (може да бидат полнети со фета сирење или пиперка, но тоа е по желба)
- 1 јајце
- брашно
- презла
- масло за пржење.
Подготовка:
- Маслинките најпрво исцедете ги од водата во која стоеле, а потоа во садот додајте брашно. Затресете го садот за да се налепат сите маслинки со брашно.
- Во друг сад изматете го јајцето, па додајте ги претходно набрашнетите маслинки.
- Со помош на лажица вадете ги маслинките од јајцето и ставајте ги во садот во кој претходно сте ја ставиле презлата. Затресете го садот и овој пат, за да се налепат маслинките со презла. Ова поховање повторете го уште еднаш за слојот од презла да биде подебел.
- Така припремените похувани маслинки се пржат во длабок сад со поголема количина на масло кое треба да е убаво загреано и тоа додека добијат златно жолта боја.
На здравје!