Домашната нега на косата е важна за нејзино обновување и зацврстување. Јакото сонце е непријател на косата и доведува до оштетување. За да ја зачувате, а воедно да ги освежите отштетните протеини во влакната, ви предлагаме да направите домашна маска за обновување и зацврстување на косата со јајца и сусамово масло.
Зошто е корисна оваа маска?
Сусамовото масло често се користи во готвењето, но исто така наоѓа голема примена и во козметиката. Тоа е многу популарно за поттикнување на растот на косата и одржување на здравјето на скалпот. Богато е со витамин Е, витамини од групата Б, минерали како магнезиум, калциум, фосфор и протеини кои ја зацврстуваат косата од коренот.

Јајцата се еден од најбогатите извори на протеини. Со користење на оваа маска ќе се нахранат влакната и ќе се обноват оштетените протеини. Косата ќе биде силна, здрава, сјајна, мека, исто како и при употреба на регенератор.
Потребни ви се:
- 2 лажици ладно цедено сусамово масло
- 1 јајце (за нормална коса)
- или 2 белки (за мрсна коса)
- или 2 жолчки (за сува коса).
Подготовка и начин на користење:
- Во сад за матење ставете ги јајцата и маслото. Матете ги со миксер додека добиете хомогена смеса.
- Смесата ставете ја врз скалпот и косата и оставете ја да делува за време од 30 минути.
- Потоа, косата исплакнете ја со млака вода. Штом маската е отстранета, може да ја измиете со шампон. Постапката може да ја повторувате два пати неделно.
Ви предлагаме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.