Даниела ни предложи одличен рецепт за едноставна салата со грав и чајна салама. Нејзиниот вкус се вклопува супер, како во ладните зимски денови, така и во летните горештини. Подгответе ја за себе и за друштвото оваа салата која е многу вкусна и се вклопува во сите сезони.

Состојки:
- 300 гр црвен или шарен грав
- 200 гр чајна салама
- 2 главици кромид
- 2 црвени пиперки
- 1 лажица сол
- 1/2 филџан киселина.
Подготовка:
- За побрзо да го сварите гравот, пожелно е да го оставите во вода барем неколку часа или преку ноќ, а потоа ставете го да се вари заедно со пиперките.
- Сварениот грав исцедете го, а на пиперките отстранете им ја лушпата и испасирајте ги.
- Кромидот исечете го на парчиња, а чајната салама на кругови и измешајте ги во подлабок сад.
- Посолете, додајте малку киселина и измешајте. Може да користите и готов „дресинг“ или некој сос за салати, како и дополнителни зачини по избор. и се разбира секогаш зачините остануваат по ваш избор.
Оваа салата со грав и чајна салама се прави доста брзо, лесно и едноставно, а може да ја сервирате веднаш по подготовката или подоцна доколку ја чувате на ладно и суво место убаво складирана.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.
Ви препорачуваме да прочитате и посна салата со грав.