Ефикасен и едноставен домашен третман против стрии, лузни и дамки 1

Ефикасен и едноставен домашен третман против стрии, лузни и дамки

Во последно време кокосовото масло е предмет на многу истражувања и тоа за различни цели. Кога станува збор за негова консумација, сепак бидете умерени. Што се однесува на козметичката вредност и корист, навистина е значајна и позитивна. А, ако се прашувавте зошто посветуваме толку внимание во овој текст, сега е време да ви потврдиме дека со кокосово масло можете ефикасно да си направите домашен третман против стрии и други кожни проблеми.

Кокосовото масло е добро за нега на кожата, одлично е за опоравување на косата, а добро е и за белеење на забите. Така, освен против стрии и дамки, помага и при проблеми со егзема. Едноставно во танок слој намачкајте кокосово масло на критичните места и за брзо време ќе се намали болката и чешањето на кожата. Но, да се вратиме на темата.

Стриите се нормална појава и може да ги има секој, а со употреба на ова масло може да ја намалите нивната видливост. Истото важи и за лузните.

Може да ве интересира: Пилинг за тело од кокосово масло и зелен чај.

Ефикасен и едноставен домашен третман против стрии, лузни и дамки 2

Што е потребно?

Состојки:

  • 1 лажица кокосово масло
  • неколку ливчиња од цветот на ружата.

Како да го изведувате третманот и колку време трае?

  1. Земете лажица кокосово масло и кратко загрејте ја во тава.
  2. Додајте неколку ливчиња од цветот на ружата и промешајте.
  3. Кога ќе се излади, нанесете на кожата со благо триење и оставете да преноќи, а наутро измијте се.
  4. Промените и подобрувањето ќе почнат да се забележуваат по неколку дена од секојдневно третирање.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 домашни третмани против стрии.

Сподели: