Овој пилинг за тело е здрав, многу пријатно мириса и вашата кожа ќе ја направи чиста и свиленкасто мека, а што е најдобро можете да го направите сами дома!
Препорачуваме овој пилинг да го користите само за тело, а поретко за лице.

Потребни состојки:
- 1 кесичка зелен чај
- 1/4 шолја филтрирана вода
- 1 шолја кокосово масло
- 1/2 шолја сол или 1/2 шолја шеќер.
Подготовка и начин на употреба:
- Зелениот чај сварете го со 1/4 шолја вода и оставете го на собна температура да се излади.
- Во чинија турете го кокосовото масло, додајте го шеќерот или солта, па добро имешајте.
- Додајте го и изладениот зелен чај, па повторно добро измешајте.
- Готовиот пилинг за тело ставете го во тегличка со капак и користете го за нега на телото по потреба, односно добро е да знаете дека пилингот е пожелно да го употребувате најмногу 3 пати неделно.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен домашен пилинг против акни и мозолчиња.