Замастен црн дроб

Замастен црн дроб – исхрана и препораки од Д-р Нела Деспотовска

Чувство на замор, непријатност, повремени болки во погорниот десен дел на стомакот може да укажуваат на замастен црн дроб. Замастувањето претставува најчеста болест на црниот дроб во развиените земји. Истото, може да биде алкохолно или неалкохолно. 

Најчеста причина за замастен црн дроб е алкохолизмот. Алкохолот го менува начинот на кој црниот дроб ги обработува и ги складира мастите. За разлика од тоа, неалкохолно замастување на црниот дроб се нарекува стеатоза. Се јавува кога концентрацијата на мастите во клетките на црниот дроб стане превисока.

Замастен црн дроб исхрана и препораки

Причини за појава на замастен црн дроб

  • Прекумерна телесна тежина
  • Инсулинска резистенција
  • Дијабетес тип 2
  • Зголемени масти во крвта, особено триглицериди. 

Поголем дел од овие состојби се поврзани со нездрав начин на живот, односно небалансирана исхрана и слаба физичка активност. 

Која е улогата на црниот дроб во организмот?

Црниот дроб е еден од клучните органи во процесот на варење и апсорпција на внесената храна. Ги разградува и обработува хранливите состојки – јагленохидратите и протеините за нивна понатамошна употреба или складирање. 

Исто така, црниот дроб има клучна улога во создавањето на жолчните киселини, кои се складираат во жолчното ќесе и се ослободуваат во танкото црево за време на варењето на храната. Важен е за одржување на балансирано ниво на шеќер во крвта и исфрлање на токсините од организмот. 

Како исхраната и замастениот црн дроб се поврзани?

За одржување на здрав црн дроб и спречување на неговото замастување се препорачува умерена и балансирана исхрана, консумирање на овошје, зеленчук, здрави масти и житарици во цело зрно. Дополнително се препорачува лицата да го зголемат внесот на лецитин. 

Зошто се препорачува лецитин за кај лицата со замастен црн дроб?

NOW® SUNFLOWER LECITHIN (лецитин од сончоглед) има фосфатидил холин, најзастапен фосфолипид во клеточната мембрана. Холинот, особено фосфатидилхолинот е потребен за транспорт на мастите од црниот дроб. Ако нивото на холин е мало, мастите се акумулираат во црниот дроб, а тоа води до замастување. Затоа кај лицата кај кои замастувањето на црниот дроб не е предизвикано од алкохол, се препорачува суплементација со Sunflower Lecitin. Овој додаток може да се набави онлајн преку веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава или да се набави од поголемите аптеки. 

Лецитин за замастен црн дроб

Повеќе за полезностите на лецитинот од сончоглед и употребата прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може и да го порачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Каква треба да биде исхраната кај лицата со замастен црн дроб?

Намалете го внесот на заситени и транс масти

Ако имате замастен црн дроб намалете го внесот на пржена храна, масно месо, сирења, полномасни млечни производи и десерти. 

Зголемете го внесот на растителни влакна

Растителните влакна помагаат во регулација на нивото на шеќер во крвта и го намалуваат оптоварувањето на црниот дроб. 

Во исхраната вклучете житарици од цело зрно, овошје и зеленчук со висок процент на растителни влакна, консумирајте интегрален ориз, киноа, овес, јачмен, јаткасти плодови, семки, зелен лиснат зеленчук и бобинкасто овошје.  

Зголемете го внесот на протеини

Протеините се важни за обновување на клетките на црниот дроб. Во исхраната кај пациентите со замастен црн дроб се препорачува консумирање на протеини од пилешко месо, риба, мешунки, јатки и семиња. 

Зголемете го внесот на здрави масти 

Здравите масти, како што се мононезаситените и полинезаситените масти, можат да помогнат во намалување на воспалението и подобрување на здравјето на црниот дроб. Затоа се препорачува консумирање на намирници кои се богати со овие масти како маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и риби. 

Намалете го внесот на шеќери 

Прекумерниот внес на шеќери може да доведат со оштетување и зголемување на ризикот за развој на замастен црн дроб. Затоа кај пациентите се препорачува избегнување на рафинирани шеќери и засладени пијалоци. Наместо тоа може да се консумираат природни шеќери од овошјето и засладувачи како стевијата.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Како да го намалите „лошиот“ холестерол во крвта?

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: