Ова е супер идеја која може да ја искористите за ручек или за вкусно и декоративно мезе кое ќе им се допадне на сите од друштвото! Ако не сте пробале досега, ова е идеална прилика да ги изненадите саканите и пријателите со вкусни и сочни полпети од мелено месо во сланина!
А, за рецептот се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од Србија!

Состојки:
*за 12 полпети:
- 350 грама мелено месо
- 1 поголема главица кромид
- 2 кришки леб
- малку млеко
- 1 јајце
- сол и црн пипер по потреба
- сечкан магдонос
- 100 грама кашкавал
- околу 150 грама сланина исечена на тенки ленти
- малку лебни трошки.
Подготовка:
- Кромидот излупете го, измијте го, исечкајте го и запржете го со малку масло.
- Лебот потопете го во млеко и оставете го да отстои малку. Потоа издробете го на поситни делчиња.
- Меленото месо измешајте го со зачините – додајте го сечканиот магдонос, претходно запжениот кромид, лебот, јајцата и добро измешајте. По потреба за полесно формирање додајте малку лебни трошки.
- Кашкавалот исечкајте го на коцки, а калапот за мафини обложете го со лентите сланина така што краевите да излегуваат малку од рабовите на вдлабнатините.
- Од смесата со меленото месо обликувајте топчиња, а во средината на секое од нив ставете по 1 коцка кашквал.
- Полпетите наредете ги во калапот. Преклопете ги со краевите на сланината, па прицврстете ги со дрвена чепкалка.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути. Кога се готови, извадете ги од калапот за да не се залепат, а пред послужување не заборавајте да ги тргнете дрвените чепкалки. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед.