Ова е јадење кое мора да го пробате! Повкусно од било кој ресторан, а приготвено во нашата кујна. Инспирирани од зачините на Рајска градина, овој пат ви приготвивме запечени компири во медитерански сос, а ги послуживме со брзи зачинети фурнаринки.
Состојките кои ви се потребни сигурно ги имате дома, а од наведената количина ќе добиете 4 порции. Рецептот е идеален за летниот период, затоа што е вегетаријански, се приготвува брзо, а доколку ги следите насоките, нема да направите грешка. Па, што чекате? Ајде во кујната и изненадете го семејството со супер вкусен ручек. А ако ви се најавиле гости, направете го и послужете го како вкусно мезе! Плус тоа, може да направите таратур салата, па трпезата ќе биде потполно организирана.

Состојки:
- 4 компири
- 1 чаша кечап или доматно пире
- 100 мл кисела павлака
- 2 лажици мајонез
- 1 мала лажичка оригано од Рајска градина
- 1 мала лажичка мајчина душица од Рајска градина
- 100 грама кашкавал
- 1 тесто за пица
- 1 белка
- масло по потреба
- мајчина душица, чубрица, копар и буковец од Рајска градина
- микс од семиња по потреба
- пченкарно брашно по потреба.
Подготовка:
- Компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на кругови со дебелина од 3-5 мм.
- Во тенџере на оган ставете ги компирите и додајте 2 литри вода за да ги покрие компирите. Посолете ги и оставете ги да се варат за време од 20 до 30 минути, додека компирите омекнат, но внимавајте да не се распаѓаат.
- Варените компири исцедете ги.
- Кечапот, киселата павлака и мајонезот ставете ги во длабока чинија. Измешајте ги за да се добие хомоген сос. Во сосот ставете 1 мала лажичка оригано и мајчина душица од Рајска градина, и измешајте.
- Земете два глинени садови за печење. Во секој сад ставете по ¼ од приготвениот сос. Врз сосот наредете 2 реда од варените компири. Потоа ставете го останатиот сос и наредете ги компирите. Кашкавалот изрендајте го и ставете го над компирите.
- Садовите ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени за време од 10 минути, додека кашкавалот се растопи и порумени.
- Во меѓувреме пригответе ги фурнаринките. Белката изматете ја со виљушка. Тестото за пица премачкајте го со изматената белка и поросете го со мајчина душица, чубрица и копар. На краевите ставете буковец од Рајска градина и наросете семиња по желба.
- Тестото ставете го во тава поросена со пченкарно брашно. Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна на 250 степени за време 3 до 5 минути. Печеното тесто оставете го кратко да се излади, а потоа со помош на нож за сечење пица, исечете го на осминки.
- Запечените компири во медитерански сос послужете ги со топлите фурнаринки. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени стапчиња со оригано, буковец и копар.
*Комерцијален текст