Чајот од камилица е еден од најпознатите лекови во нашата народна медицина. Тој својата популарност ја стекнал уште во средниот век кога луѓето започнале да го користат како лек за бројни заболувања меѓу кои астма, болки во стомакот, покачена температура, воспаленија на кожата, гадење, конјуктвитис, осип, депресија, мигрена, акни и слично. А сега, секогаш ќе може да имате свежа камилица при рака. Следете ги следните чекори и засадете камилица од кесичка чај.
Замислете колку би било убаво ова лековито растение да го имате секогаш свежо и при рака. Верувале или не, сѐ што ви е потребно за да го засадите ова чудотворно растение во вашиот двор е обична кесичка чај. Секоја кесичка чај содржи исушена камилица која во контакт со земјата и вода веднаш ќе никни.
Може да ве интересира: Камилица – лек против многу болести.
Како да засадите камилица од кесичка чај?
Постапката е навистина едноставна и не ви се потребни некои посебни градинарски вештини за да го засадите и одгледувате ова лековито чудо на природата. Прво, врз салфета истурете ја содржината од кесичката. Потоа растресете ги сушените цветови со прстите.
Во саксија или во дворот ставете земја. Земјата не треба да биде многу сува. Во саксијата наросете ги сушените цветови од камилицата. Врз нив ставете земја со висина од 7-10 мм. Во шише со прскалка ставете вода. Со помош на прскалка напрскајте ја земјата. Саксијата поставете ја сончево место.
Камилицата можете по желба да ја засадите и во поголема вазна која потоа ќе ја ставите на сончево место во домот. Доколку сепак се одлучите камилицата да ја посадите надвор во дворот, најдобар период за тоа да го сторите е помеѓу март и септември. Додека пак во саксија можете да ја засадите и одгледувате и во постудените денови.
Ви предлагаме да прочитате: Направи сам: Масло од камилица.