Колку и да е едноставна подготовката на некој рецепт и независно од тоа колку лесно ни се достапни состојките, често пати е потребно да ни проработи имагинацијата. Во оваа прилика споделуваме инспирација за еден убав ручек за пилешки батаци со сенф. Сочно е, брзо и многу вкусно со посебна арома!
Ние го имаме пробаме и си го подготвуваме често. И благодариме на Лана од блогот Kuhinjica Mignone за тоа што го сподели со нас, а еве како се прави.

Состојки:
- 4 пилешки батаци
- 1 поголема главица кромид
- 4 лажици сенф
- сол по потреба
- црн пипер по потреба
- 200 мл бело вино.
Подготовка:
- Пилешките батаци најпрво измијте ги и оставете ги да се исцедат од непотребната вода.
- Посолете ги и поросете ги со црн пипер од двете страни, па премачкајте ги со сенф. Ставете ги во сад со капак.
- Кромидот излупете го и исечете го на кругови, а потоа и него распоредете го во садот. Затворете со капакот и оставете да стојат така преку ноќта.
- Наредниот ден, извадете ги батаците од садот и пропржете ги на малку масло од двете страни. Готови се кога ќе добијат пријатна кафеаво златна нијанса.
- Во садот со кромидот и сенфот додајте го белото вино и прелијте ги батаците.
- Така припремени и поклопени, динстајте ги околу 30 минути, додека месото стане меко. Сервирајте со ориз и прелијте со сосот во кој се динстале. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Маринирани пилешки крилца со сенф.