Независно дали ќе го користите во исхраната или за нега на вашата кожа и коса, кога станува збор за маслиново масло, несомнено се поврзува со здравјето и благосостојбата на организмот.
Тоа е е еден од најздравите додатоци во салатите. Нутриционистите најчесто препорачуваат да се користи во комбинација со свежа храна, на пример во салати, а помалку да се употребува за приготвување на пржени јадења. Многу убаво се вклопува и како зачин за тестенини и различни сосови.

Го нормализира и одржува позитивниот баланс на холестеролот
Mаслиновото масло претставува одлична намирница која го нормализира нивото на ХДЛ И ЛДЛ холестеролот. Тоа поволно делува во намалување на нивото на т.н. лош холестерол и намалување на нивото на вкупниот холестерол во крвта.
Претставува природен „лек“ за желудникот
Делува како мелем за желудникот кај лица кои патат од чир или гастритис. Исто така е моќно средство кое спречува настанување на жолчни камења, спречува масна дегенерација на црниот дроб кај лица кои патат од цироза и овозможува одлична превенција од настанување на дијабетес мелитус тип 2.
Ја зачувува младоликоста
Го одржува тонусот и свежината на кожата, што посебно е видливо на лицето. Неодамнешните испитувања кои се направени докажуваат дека состојките од маслиновото масло го потиснуваат создавањето на брчките. Тоа ја штити кожата, така што ги обновува сите елементи потребни за нејзина младост и цврстина.
Може да ве интересира: Маслиново масло за безвременска убавина и здравје.
Го чува здравјето на косата и кожата на главата
Ако сакате да имате коса полна со живот и скалп без првут искористете го маслиновото масло. Тоа може да биде вашето најмоќно природно средство во борбата со сувиот скалп. Несомнено е дека состојките од маслиновото масло значително го спречуваат и опаѓањето на косата, а воедно го забрзуваат нејзиниот раст за неколку сантиметри месечно.
Ја поддржува работата на дигестивниот метаболизам
Ако сте на рестриктивна диета или сакате да се храните здраво, маслиновото масло е ваш сојузник во таа цел. Овој природен еликсир го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на маснотиите, а ја подобрува апсорпцијата на храната во дигестивниот тракт. Исто така, ја забрзува перисталтиката на цревата и нивното празнење со што го подобрува прочистувањето на организмот. Сето тоа ви дава исклучителна виталност и енергија за живот.
Ви препорачуваме да прочитате: Откријте како да препознаете квалитетно маслиново масло.