Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 1

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам

Кога ќе ја видите листата на состојки на нашето омилено зелено детокс смуди, ќе се изненадите од тоа колку внимателно ги избравме. Сите се растителни и лесни за организмот, а вкусот е неверојатно добар! Пробајте го, навистина ќе бидете воодушевени!

Со ова смуди започнува нашиот ден во последниот период. Толку е пријатно и угодно за телото, што веднаш ќе осетите наплив на енергија. Расположението ќе ви стане подобро, а метаболизмот ќе се разработи за многу кратко време. Позитивните ефекти се повеќекратни. Еве како да го направите.

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 2

Состојки:

  • 12-15 ливчиња спанаќ
  • 1 поголемо јаболко
  • 1 лажица овес
  • 1/2 до 1 рамно лажиче Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажичка ленено семе
  • свежо цеден сок од 1/2 лимон
  • 250 мл природен сок од портокал.

Подготовка:

  1. Спанаќот измијте го и оставете го кратко да се исцеди.
  2. Јаболкото измијте го, излупете го по желба и исечкајте го на парчиња.
  3. Во садот за блендирање прво ставете го спанаќот, за потоа да го потиснете со парчињата јаболко.
  4. Додајте ги овесот, Hawaiian спирулината во прав, семките од тиква, лененото семе и соковите од лимон и портокал.
  5. Блендирајте околу 30 секунди до 1 минута, зависно од блендерот, додека сите состојки се соединат. Послужете и на здравје!

Наша препорака:

Hawaiian Spirulina е проверено добар избор за сите нас, од деца до највозрасни и за разни здравствени состојби. Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и амино киселини, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, различни минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот. А, ако сакате да дознаете како да изберете најдобра и природна спирулина, прочитајте тука.

Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини, од 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Природно и добро за здравјето! Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 3

Ви препорачуваме да прочитате: Здрав хранлив појадок – чиа пудинг со спирулина и авокадо.

*Спонзориран рецепт.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: