Витаминот Ц кој уште е познат како аскорбинска киселина, припаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Тој е потребен за нормален раст и развој, учествува во обновата на ткивата во сите делови од телото, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок. На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки, па затоа, во периодите кога настинките се честа појава се препорачува освен преку храната да се внесува и додаток на исхрана витамин Ц за силен имунитет и одржување на здравјето на беспрекорно ниво.
Витаминот Ц во организмот има повеќе улоги, а ние ќе ги спомеме најважните од нив. Тој учествува во градбата на протеините кои се значајни и неопходни за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови, помага за побрзо зараснување на раните, ја обновува и одржува р`скавицата, коските и забите, jа потпомага апсорпцијата на железото во организмот.
Витаминот Ц е значаен антиоксиданс
Антиоксидансите се хранливи состојки кои ги спречуваат оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали. Тие се создаваат во процесот на варењето на храната во телото, често пати во услови кога сме изложени на чад од цигари или зрачење. А, доколку нивното создавање во организмот трае во подолг временски период, тоа го забрзува процесот на стареење. Тоа не е најштетното можно влијание од нив, затоа што слободните радикали често доведуваат до канцер, срцеви заболувања и артритис, а организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц и да се заштити. Токму затоа е важно овој витамин секојдневно да се внесува преку храната и по потреба и како додаток во исхраната. Таков додаток во исхрана е AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.
Зошто AlphaSorb-C од NOW Foods?
Има повеќе придобивки кои го истакнуваат пред другите форми на витамин Ц, како што се:
- зголемена антиоксидантна активност во крвотокот
- патентиран производ кој го продолжува транспортот на природно присутните метаболити во клетките
- не предизвикува киселински проблеми во стомакот
- зголемена биорасположливост за 300% во однос на стандардниот витамин Ц
- има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц.
Има големи позитивни ефекти при:
- настинка, грип и инфекции
- алергии
- помага во детоксикација
- лечење на рани
- создавање и стабилизирање на колагенот
- ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација.
Сега, благодарение на Тримекс, овој витамин може да го набавиме од сите подобро снабдени аптеки низ земјата, а исто така може да го порачате преку нивната онлајн продавница, каде што може да прочитате повеќе информации за него.
Храна која е богата со витамин Ц
Најзначаен избор на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук, особено цитрусните овошја. Ви издвоивме неколку овошја кои се многу богати со витамин Ц и е препорачливо да ги вклучите во вашата исхрана во поголе ма мера. Тоа се:
- сите цитрусни овошја и природни сокови од нив (лимон, портокал, грејпфрут)
- киви
- манго
- папаја
- ананас
- јагоди, малини, боровинки и брусница
- диња
- лубеница.
Покрај овошјето, значаен извор на витамин Ц е и зеленчукот, па еве кои намирници ги издвоивме како топ храна со витамин Ц:
- брокула
- прокељ
- карфиол
- зелка
- зелена и црвена пиперка
- спанаќ и другите зелени лиснати зеленчуци
- сладок и бел компир
- домати и сок од домати
- тиква.
Дополнителни совети
Важно е да се знае дека со приготвувањето на храната или чувањето на подолг временски период може да се намали количината на витамин Ц. Приготвувањето на храната во миркобранова печка или варењето на пареа може да ги намали загубите на витамин Ц во храната. Најдобри извори на витамин Ц се свежото овошје и зеленчук. Покрај тоа, изложеноста на светлина може да ја намали содржината на витамин Ц, па кога купувате сокови секогаш избирајте картонска амбалажа, наспроти стаклени или пластични шишиња.
Ви препорачуваме да прочитате: Недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата.