Снабденоста на организмот со витамин Д претставува неопходност за здравјето на долг рок. И, иако сите знаеме дека добивањето и одржувањето на витаминот Д е релативно лесно во месеците кога има сонце, доста е потешко кога станува збор за зимските месеци.
Во овој текст, ве потсетуваме зошто е важно и како да го одржувате нивото на витамин Д, дури и во ладните месеци кога деновите се тмурни и „сиви“.
Зошто е неопходен витаминот Д во телото и што се случува при недостаток?
Прво и многу важно е, затоа што овој витамин е потребен за апсорпцијата на калциумот и за одржување на цврстината на коските. Исто така, придонесува за здравјето на мускулите, нервите и имуниот систем.
Во случаи на поголем недостаток на витамин Д, можни се ризици од развој на меки коски кај децата или остеомалација кај возрасните, остеопороза идруги нарушувања на коските, дијабетес, висок крвен притисок и канцер. Добро е да се спомене дека, лицата кои имаат потемна кожа и оние кои се со значаен вишок на телесна тежина, имаат зголемена веројатност за недостаток на витамин Д.
Како да „стигнеме“ до витаминот Д во зима?
Сите знаеме дека во народот е познат како „сончев витамин“, а тоа е така бидејќи телото го синтетизира кога е изложено на сонце. Токму затоа, во зимскиот период, кога поминуваме малку и кратко време надвор, а можноста да настинеме е поголема, ве потсетуваме дека има едноставни начини за делување.
Правете мудри избори на храна
Ако често јадете намирници како свинско месо, печурки, масни риби (туна, скуша, ракчиња, сардини, школки), масно сирење и жолчки од јајца, кои природно се богати со витамин Д, ќе имате можност да сте што поблиску до потребната дневна доза на витамин Д, која 600 ИЕ дневно.
Исто така, препорачливи намирници кои треба да ги вклучите почесто во исхраната се: цереалии, соино млеко, јогурт и сок од портокал.
Излегувањето надвор секогаш нека биде прв избор, не втора опција
Можеби надвор температурата е пониска, но се уште може да „фатите“ по некој сончев зрак. Пешачете до работа, до маркет, излезете на пауза за ручек, извадете ги децата надвор да играат на сонце. Поминувањето на 15-30 минути надвор на сонце, 3 до 4 пати неделно е потребно за одржување на здравјето.
Квалитетен избор на додатоци во исхраната се достапна и корисна опција
Секогаш кога сметате дека не можете да ги исполните погоре посочените совети, кога имате намален имунитет или времето не е сончево со недели, суплементација со избран витамин Д може да ви користи. Пожелно е да се консултирате и со вашиот лекар, а од нашето искуство можеме да ви ги препорачаме: NOW® Vitamin D-3 (меки капсули), Liquid Vitamin D-3 и Extra Strength Liquid Vitamin D-3 (капки).
Liquid Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се произведува од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на витамин Д станува сѐ понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
Полесности од земањето на NOW® Vitamin D-3:
- поздрава кожа и коса
- посилни коски
- подобра состојба на забите
- подобро расположение
- зголемена енергија и концентрација
- посилен имун систем.
NOW® Vitamin D-3 се препорачува на при:
- престој во затворени простории
- бременост
- лица со потемна кожа
- зголемена телесна тежина
- консумирање на лекови
- повозрасни лица.
Повеќе информации за наведените производи прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 начини да го покачите нивото на витаминот Д.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.