Јадете ли зеленчук со портокалова боја? Треба да знаете дека се препорачува да јадете барем една порција портокалов зеленчук (морков, сладок компири или тиква) на ден, а еве зошто.
Ретиноинска киселина против рак на дојката
Ретиноинската киселина е облик на витаминот А, а најзастапена е во морковите и слаткиот компир. Едно истражување во Филаделфија, откри дека ретиноинската киселина делува против рак на дојката во двете најрани фази на оваа болест.

Бета каротин за имунитет и вид
Бета каротинот помага за подобрување на имунитетот и одржување на добриот вид. Станува збор за состојка која е растворлива во масти, а истражувањата покажале дека нејзината искористливост се зголемува со термичка обработка. Имено со кратко запржување на малку масло или печење во рерна, количината на бета каротин која организмот може да ја искористи се зголемува за 63% кај морковот и 53% кај тиквата.
Алфа и бета каротин за здравје на срцето
Додајте свеж морков во салата и уживајте во користа од алфа и бета каротинот кои овој зеленчук го содржи во големи количини. Овие антиоксиданси помагаат во борба против слободните радикали во организмот. Истражувањата покажале дека високите нивоа на овие состојки може да го намалат ризикот од срцев удар при кардиоваскуларни болести. Покрај морковот, и тиквата е одличен извор на овие состојки.
Лутеин и зеаксантин за здрав вид
Тиквата и морковот се богати со лутеин и зеаксантин. Тие се два растителни пигменти кои помагаат во превенција на катаракта. Едно истражувањето објавено во списанието Archives of Ophthalmology, со кое биле опфатени повеќе од 35 000 жени покажало дека овие кои имаат нависоко ниво на овие пигменти имале за 18% помал ризик од катаракта, во споредба со жените кои внесувале помалку лутеин и зеаксантин. Половина шолја варена тиква има 1313 mcg лутеин и зеаксантин, а половина чаша варен морков 828 mcg.
Витамин Б6 за подобар имунитет
Овој витамин го зајакнува имунитет и помага за производство на антитела за борба против болести. Сладок компир со средна голема, испечен со лушпата содржи 25% од дневните потреби на организмот за витамин Б6. Додека половина чаша пасирана тиква содржи 19% од дневните потреби за овој витамин.
Ви предлагаме да прочитате: 11 причини зошто да ја полните чинијата со жолто и портокалево овошје и зеленчук.