Интегрална фокача со сладок компир 1

Интегрална фокача со сладок компир

Гарантирано ќе го израдувате стомакот и сите сетила! Креативната Катерина, инспирирана од италијанската кујна и овој пат ни предлага еден интересен рецепт за интегрална фокача со сладок компир, доматчиња, лукче, оригано… Ароматична гозба за сите љубители на храната!

Може да ве интересира: Посна фокача со фил од туна, кромид и домати.

Интегрална фокача со сладок компир 2

Состојки:

За тесто:

  • 300 гр интегрално пченично брашно
  • 100 гр бело пченично брашно
  • 100 гр спелтино брашно
  • 200 гр варен сладок компир
  • 1/2 коцка квасец
  • 300 мл топла вода
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер

За прелив:

  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици вода
  • 1 полна лажичка сенф

Останати состојки:

  • неколку мали домати
  • 4 чешниња лук
  • оригано по вкус.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги трите вида брашно.
  2. Додадете ги претходно сварениот и испасиран сладок компир, изронетиот квасец, маслото, солта и шеќерот.
  3. Постепено додавајте вода и притоа замесете тесто.
  4. Покријте го и оставете го да нарасне за време од околу 1 час.
  5. Нараснатото тесто префрлете го во намрсен плех или обложете го со хартија за печење.
  6. Во сад измешајте ги состојките за преливот и нанесете го врз тестото.
  7. Покријте го и оставете го повторно околу 1 час за да нарасне.
  8. Доматите измијте ги, исечете ги на кругови и нанесете ги врз нараснатата фокача.
  9. Ставете ги и чешнињата лук исечени на тенки кругови и посипете со оригано.
  10. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Медитеранска интегрална фокача со рузмарин.

Сподели: