Пивото се вбројува во листата на најпопуларни алкохолни пијалаци во светот. Доколку ви простанало пиво и не е добро за пиење, може да го искористите за други намени во домаќинството.
Вратете го сјајот на косата
Пивото содржи хранливи состојки кои се одлични за нега на кожата и косата. Биотинот во пивото го спречува опаѓањето на косата и појава на првут. Малтозата ја јакне косата, а витамините и даваат природен сјај. За да и го вратите сјајот на косата измешајте три лажици пиво и 120 мл топла вода. По шампонирањето, смесата од пиво нанесете на во косата, оставете ја да делува неколку минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Припремете вкусно и меко месо
Еден час пред готвење, месото ставете го во сад во кој ќе додадете половина литар пиво. За подобар ефект, месото и пивото, оставете ги преку ноќта во фрижидер. Следниот ден, месото ќе биде совршено меко и сочно.

Вратете го сјајот на златото
Златниот накит може да го исчистите со помош на пиво. Натопете мека крпа во пивото, а потоа нежно избришете го накитот. Земете сува крпа и повторно пребришете го златниот накит.
Исчистете го дрвениот мебел
Како и накитот, така може да го исчистите дрвениот мебел. Натопете мека крпа во пиво, а потоа нежно избришете го мебелот. Потоа повторно пребришете го со сува крпа.
Отстранете ги дамките од кафе и чај на килимот
Може да ви се чини дека е невозможно да се ослободите од дамките од кафе или чај на килимот. Но пивото ќе ви помогне во тоа. Нанесете малку пиво на валканата област, оставете да стои 5 до 10 минути, а потоа исчистете го килимот. Можеби ќе треба да го повторите овој процес неколку пати, со цел да се отстранат сите траги од дамки.